Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » За една недела бројот на активни случаи на Ковид-19 намален за над 3.000
Градови

За една недела бројот на активни случаи на Ковид-19 намален за над 3.000

февруари 24, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бројот на активни случаи, заклучно со вчерашниот ковид-извештај, е 5.449, што за една недела е намалување за околу 3.300. Ако на 16 февруари имаше 8.784 активни случаи, вчера беа регистрирани 5.449.

Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 674 случаи на КОВИД-19 од направени 3.156 тестови или 21,3 отсто. Меѓу новозаразените, 98 биле реинфицирани. Во последниот ковид-извештај беа регистрирани и 12 починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително биле пријавени уште девет починати лица за период од 31.01. до 20.02.2022. Од вкупниот број на починати лица (21), кај 20 лица биле регистрирани коморбидитети. Евидентирани беа и 978 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.878.073 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 295.082, бројот на оздравени пациенти е 280.675, на починати е 8.958 а бројот на активни случаи изнесува 5.449.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје 2971, Битола 296, Велес 224, Куманово 222, Кавадарци 208 и Прилеп 201. Во Македонска Каменица има само еден активен случај, а во Дојран ниту еден.

Деновиве се очекува Генералниот координативен кризен штаб и Владата да се произнесат за двете мерки предложени од Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени.

Комисијата веќе ги доставила предлозите до министерот за здравство, а потоа тие треба да се проследат до Генералниот координативен кризен штаб и до Владата.

Според Комисијата, укинување на сертификатите за вакцинација сè уште нема да има, оти, како што рече завчера нејзиниот портпарол д-р Злате Мехмедовиќ, „сè уште се наоѓаме во широка трансмисија на вирусот на локално ниво и дека укинувањето на која било од актуелните мерки, вклучувајќи ги и сертификатите, може да доведе до влошување на епидемиолошката состојба и повторно преполнување на болничките капацитети или на амбулантите“.

Тој потенцира дека кај нас опфатот со вакцинација е премногу низок, поточно само 41 процент примиле две дози, за да се размислува во насока да има укинување на некои од мерките кои би спречиле и кои спречуваат трансмисија на вирусот.

Заклучно со 20 февруари во земјава вакцинирани се вкупно 869 763 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 848 573 лица, а со трета доза се вакцинирани 140 455 лица.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, постои тренд на намалување на позитивноста кај сите старосни групи, вклучително и кај децата од шест до 14-годишна возраст, кај кои претходните недели имаше пораст на позитивни случаи.

Според светската ковид-статистика, досега во светот се заразиле над 429 милиони луѓе, починале 5,9 милиони, а оздравеле повеќе од 357 милиони жители.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека веќе трета недела по ред се намалува бројот на заразени и смртни случаи од Ковид-19.

Бројот на нови случаи на заразени со коронавирусот во светот е намален за 21 отсто во изминатата недела, односно трета седмица по ред, соопшти вчера СЗО.

Во својот неделен извештај, СЗО наведе дека минатата недела имало повеќе од 12 милиони новозаразени со Ковид-19. Минатата недела во светот починаа осум отсто помалку луѓе, или околу 67.000, а неделниот број на смртни случаи се намали првпат од почетокот на јануари..

Најголем број новозаразени со коронавирус е регистриран во Русија, Германија, Бразил, САД и Јужна Кореја.

СЗО наведува дека сојот омикрон е убедливо најдоминантниот вид во светот и претставува повеќе од 99 отсто од анализираните случаи. Делта варијантата е единствениот друг вид што се појавува и претставува еден процент од случаите.

Во Албанија од вчера заразените со Ковид-19, наместо две недели, како досега, во изолација ќе остануваат само пет дена, објави министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу.

Но, кај нашиот западен сосед се уште останува во сила полицискиот час, воведен во ноември 2020 година, кој трае од 23 до шест часот.

Човек во Словенија, кој се вакцинираше во името на други луѓе за да добијат ковид-пропусници е осуден на 10 месеци затвор поради измама. Парична казна е изречена за четворица мажи кои му платиле за оваа „услуга“.

Мажот кој наместо други лица, бил шест пати вакциниран, е осуден на затвор. Тој беше откриен на крајот на декември додека се обидувал да ја прими седмата доза и веднаш му беше одредена мерка притвор.

Нарачателите на услугата, исто така се осудени за измама, но тие минаа без затворска казна, при што двајца се казнети со по 2.550 евра, а двајца по 1.360 евра.

 

МИА

заразени намалувње Омикрон
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026

Времето денеска облачно со дожд, на места со засилен ветер

ноември 23, 2026

УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне

ноември 20, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.