Виолинист кој знае седум јазици, овчар, чистач на улици, еден Швеѓанец, угостител – сопственик на суши ресторан кој играл за младите категории на Германија со Нојер, Озил, Кедира… За судбината на репрезентативците на Иран, кои вчеравечер беа елиминирани од Светското првенство, може да се направи добар трилер, веројатно подобар од „Развод“, кој во 2012 година доби Оскар за најдобро странско остварување.
Бајката за националната екипа која беше на праг на сензација и пласман во втората фаза на Мундијалот, сигурно добро ќе „помине“ во Холивуд. Јунак во приказната би можел да биде голманот Алиреза Беиранванд, кој како мал чувал овци и чистел улици, а сега го запре шутот на Кристијано Роналдо од пенал во натпреварот од третото коло од Групата Б (1:1).
Мундијалскиот сон овој јуни го живееја виолинистот Г0кханејхад, потоа Ашкан Деџагах, па Сардар Озмун, иранскиот Меси, кој до 15 година играл за одбојкарската репрезентација, Милад Мохамади, чиј брат близнак исто така игра фудбал, Саман Годос, роден во Малме…







