Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, беше во војна со организаторите на „Јунајтед Купот“ за време на мечот против Јиржи Лехечка.
Србинот цело време се жалеше на рефлекторите кои му пречеа во текот на играта, иако нивната работа не беше потребна поради тоа што надвор беше ден.
Ѓоковиќ во еден момент побара некој „само да го притисне копчето“ и да ги исклучи, за по петтиот гем да се закани дека нема да ја продолжи играта.
Поточно, дека не станува од клупата додека не се изгаснат светлата.
Тој се пожали на судијата, а потоа побара да разговара со супервизорот.
„Зошто среде бел ден се вклучени светлата, сакам објаснување“, праша Ѓоковиќ, кој потоа сепак продолжи со дуелот, неправи брејк, и го освои првиот сет.
(Фото: Принтскрин)







