Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЗА РЕД ИЛИ ХАОС ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО: Невладините против новиот закон за урбанистичко планирање
Македонија

ЗА РЕД ИЛИ ХАОС ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО: Невладините против новиот закон за урбанистичко планирање

август 13, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Законските измени за урбанистичкото планирање кои се туркаат по итна постапка во Собранието во екот на одморите, предизвикаа реакции во јавноста.

Спорна е измената на членовите 2, 7, 14, 15 и 16 во Законот за Урбанистичко планирање и се бара нејзино стопирање.

Додека Министерството за транспорт тврди дека со законските измени ќе се олесни изградбата на училишта, градинки и болници, невладините организации и дел од опозициските партии сметаат дека ова е вовед во дополнителен хаос во урбанизмот.

Околу 600 урбанистички планови се заглавени во постапка, со што се доведени во прашање нивното донесување и реализацијата на капиталните инвестиции. Измените на Законот за урбанистичко планирање, според Министерството за транспорт се предлагаат за надминување на ваквата состојба. Според нив, тие се исклучиво во интерес на граѓаните и на општините – за поефикасна реализација на капиталните проекти и за придвижување на економијата во целина.

„Основната цел на измените е да се поедностават постапките во однос на донесувањето на урбанистички планови наменети за изградба на објекти од јавен интерес, односно за изградба на градинки, училишта, болници и на други објекти од социјалната и од здравствената заштита, како и катни гаражи, со цел решавање на сообраќајниот хаос. Со донесувањето на овој закон, ќе се поедностави постапката за реализација на капиталните проекти во државата, а општините ќе можат во целост да ги реализираат планираните развојни буџети, со што директно ќе се влијае врз локалниот економски развој“, соопштија деновиве од министерството.

Но, според иницијативата О2 се спомнуваат „600 урбанистички планови заглавени во постапка“, а не се спомнува дека изработката на тие урбанистички планови трае повеќе од 4,5 години и тоа по стари неважечки закони и правилници, со неточни параметри.

„Она што Министерството за транспорт, односно оваа Влада сака е овие несоодветни планови да си продолжат да се изработуваат според стари неважечки закони и правилници до недоглед и да се донесат со неточни параметри, врз чија основа ќе се гради, не земајќи ја предви сегашната изменета состојба. Дополнително, климатските промени сè по жестоко нè напаѓаат со секоја измината година и наместо да се ревидира она што е планирано од претходно, битно е само да се гради“, посочуваат од О2.

Во однос на образложението дека основна цел на измените е да се поедностават постапките во однос на градење и на катни гаражи, од иницијативата сметаат дека она што се сака е да се гради без урбанистички план, само со проект, кој каде ќе му текне, без да се прашаат граѓаните кои живеат таму дали се согласуваат со локацијата, висината на градбата или не, без јавна анкета и без Советот на општина да има право да одлучи со гласање.

„Ова е отворање на врата на самоволие и хаос, кое не смее да се дозволи. Ајде тогаш да поедноставиме сè, ги укинеме урбанистичките планови и секој нека гради каде сака, како сака, колку сака. Не може под превезот на ‘јавен интерес’ да се прави урбанистичко-градежен хаос“, се вели во реакцијата.

Невладините се децидни дека урбанистичките планови треба да воведат ред, а не хаос и не може да се дозволи изработка, спроведување на планови кои не се соодветни и изградба на објекти како катните гаражи без нив.

„Доволно е хаотично и без тоа, дополнителен хаос не ни е потребен“, порачаа од О2.

И Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ од Скопје е згрижено за најновата предлог-измена на Законот за урбанизам која се носи по брза постапка, без соодветна јавна дебата и учество на засегнатите граѓани и граѓанскиот сектор.

„Оваа промена не само што го исклучува гласот на јавноста, туку и претставува закана за нашето јавно добро. Со оваа измена, ќе се овозможи уништување на јавни простори и непочитување на постоечките квалитетни законски решенија. Дополнително, изградбата на гаражи за автомобили ќе го зголеми бројот на возила на улиците, наместо да се поттикне користење на алтернативни и еколошки превозни средства“, реагираат од здружението.

Од иницијативата „Борба за Влае“ побараа сите пратеници да гласаат против овие промени, гласно да застанат против измените во Законот за урбанистичко планирање и да се борат против секоја промена „нарачана од урбаната мафија“.

Опозициските партии оценуваат дека станува збор за упад во урбанизмот. СДСМ бара да се стопира постапката на измена на членовите 2, 7, 14, 15, 16 во Законот за Урбанистичко планирање и на отпочнување собраниска постапка за донесување на новиот Закон за градење кој е веќе изработен во консултации со сите комори, здруженија, невладини организации, а помината е постапката на ЕНЕР.

СДСМ реагира на „упадот во системот на урбанистичко планирање“ со вметнување на катните гаражи на ранг на примарна инфраструктурна мрежа кои ќе можат да бидат реализирани само врз база на Генерален урбанистички план без донесен Детален урбанистички план. Со ова, според нив, се избегнува увид на јавноста и транспарентност во постапката, што е врвен приоритет за постигнување поквалитетно и хумано живеење при носењето на урбанистичките планови.

И Левица бараше предлогот да биде повлечен и да се обезбеди јавна расправа, но владејачката коалиција гласаше против барањето на пратеникот Амар Мециновиќ.

„Ваквите закони не смее да се носат по скратена постапка, без да биде поведена соодветна и опширна јавна расправа, во која ќе бидат вклучени сите релевантни стручни општествени актери што се занимаваат со оваа проблематика. Недозволиво е дел на Републиката да нема нови урбанистички планови според нови тековни параметри, кои соодветствуваат на вистинските околности на терен“, вели тој. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: Дојче Веле

актуелно влада градежништво мафија невладини урбанизам
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.