Апелацискиот суд во Скопје ја прифати жалбата на СЈО на одлуката на кривичниот суд, со која, поранешниот директор на УБК беше изземен од обвинението за случајот „Тортура“.
Апелацискиот суд го преиначи првостепеното решение и го одобри обвинението против Сашо Мијалков.
Во „Тортура” обинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфа” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина „алфи“ за апсењето на Бошкоски.
Првично СЈО го обвини Мијалков, но кривичниот судот одлучи да им се суди само на шестемина од единицата „алфи”, но не и на поранешниот прв човек на УБК.
Судењето за „Тортура“ требаше да почне на 28 февруари, но беше одложено и ќе почне на 23 март годинава.