Македонските писатели Даниела АндоновскаТрајковска за збирката раскази „Кафе, чај и црвено небо“ и Игор Крајчев за поетската збирка „21“ се годинашни добитници на наградите „Крсте Чачански“, односно „Јован Котески“, што традиционално ги доделува културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга.
Збирката раскази на Андоновска-Трајковска, според образложението на жирито, уште со самиот наслов навестува сензитивно доживување кое си поигрува со концептот на вкусовите, мирисите за нив синетички да ги врзе со доживувањата на видот. Со овие раскази, како што се наведува, пред нас се отвора црвено небо, кое е суптилно врзано со секој од нив.
Збирката е поделена во три дела: „Дом“, „Отворени и затворени линии“ и „На Широк Сокак ништо ново“.