Бројот на убиства во Соединетите Американски Држави порасна во 2020 година за 30 проценти во однос на претходната година и се искачи на 21.500, соопштија денеска од ФБИ.
Ова е најголем пораст на број на убиства откако ФБИ почнал да прибира податоци за тоа, пред шест децении, но вкупниот број е сепак помал од оној од осумдесетите, пренесува Вашингтон пост.
Поединечно, најголема стапка на убиства минатата година имала Луизијана.
Во извештајот на ФБИ се наведува дека 77 отсто од убиствата лани се извршени со огнено оружје.
Експертите наведуваат дека минатата 2020 година била специфична пред се заради пандемијата со корона вирус и зголемената продажба на пиштоли и пушки.
(Фото: АП)