Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Босна и Херцеговина, соопшти Европскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот е регистриран околу 8.28 часот на 30 километри источно од Чапљина.
Граѓаните јавуваат дека земјотресот бил почувствуван и во Мостар, Столац, Читлук и Требиње.
Од потресот не е предизвикана никаква материјална штета.







