Во Охрид и околните населби денеска во 11.39 часот е регистриран земјотрес, кој бил со магнитуда од 4 степени по Рихеровата скала, со епицентар седум километри северозападно од Ресен, на длабочина од пет километри.
Засега нема информации за предизвикана материјална штета, освен вознемиреноста на граѓаните кои излегоа пред своите домови стравувајќи од последователни потреси. Претходно, во 9.58 часот во охридското епицентрално подрачје беше регистриран земјотрес со магнитуда од 2,4 степени според Рихтеровата скала.







