Филмот „Облик на водата“ на мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо е добитник на престижната награда „Златен лав“ на овогодинешниот Венецијански филмски фестивал.
„Доколку останете чисти и лојални на својата вера, можете се да постигнете“, истакна Дел Торо во обраќањето на најстариот филмски фестивал во светот.
Наградата, истакна тој, им ја посветува на младите јужноамерикански режисери.







