Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Значително помалку пожари имало изминатава година на територија на Скопје
Скопје

Значително помалку пожари имало изминатава година на територија на Скопје

јануари 4, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Податоците со кои располага Територијалната противпожарна единица на Град Скопје покажуваат дека имало околу 800 пожари помалку во однос на 2019 година кога било интервенирано на 1.957 пожари.

Од Противпожарната единица на Град Скопје велат дека, иако е намален бројот, сепак во 2020 година имале тешки и сложени интервенции главно во урбаните средини како што се пожарот во зградата на поранешна „Комерцијална банка” каде беа сместени повеќе државни институции и пожарот во барот „Фонтана” во трговскиот центар Мавровка, кои за среќа, завршија без поголеми последици.

– Со нашата брза интервенција не беше дозволено ширење и настанување на поголеми материјални штети или несакани последици по животите на граѓаните, но морам да споменам дека во 2020 се соочивме со пожари во поголем број на патнички моторни возила и камиони, вели во изјава за МИА командантот на ТППЕ на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Споредено со 2019 година, огромна е разликата во бројот на интервенции. Освен значително помалиот број на пожари, забележително е и намалување на бројот на технички интервенции и ПП обезбедувања. За 46 помалку имало технички интервенции и за 110 помалку ПП обезебдувања. По сите параметри значајно намалување има и кај шумските поажри или т.н. пожари на отворено.

– Во текот на 2020 година, Бригадата за противпожарна заштита (се разбира без последниве денови од 2020) на територијата на Градот Скопје интервенирала на 1143 пожари-интервенции,108 технички интервенции, 26 ПП-обезбедувања. Споредбено со ланската година, разликата со интервенции е огромна затоа што во 2019 имавме 1957 интервенции, 154 технички интервенции и преку 136 обезбедувања така што може да констатираме дека 2020 год. е со значаеен процент намалена во однос на ланската, појаснува Симоновски.

Како институција која мора да работи непрекинато, успеале да се организираат и да го покријат недостигот од кадар кој бил заболен или во изолација поради Ковид-19. Најголем недостиг имале во ноември, но за среќа, сите поминале без потешки последици.

– БППЗ-Скопје не беше поштедена со пандемијата со ковид, но морам да кажам дека во првиот период на КОВИД 19 во Бригадата немаше заболени или во изолација се до октомври-ноември кога настапи тој втор пик и кога во едем период имавме бројка од 33-ца во изолација или заразени, но за среќа сите поминаа без последици и сега се вратени на работа, вели Симоновски.

Ковид ситуацијата ја пролонгира и испораката на противпожарната скала која треба да се набави од Германија. Сепак, очекувањата на командантот на ТППЕ на Град Скопје, се дека таа ќе пристигне до крајот на јануари или почетокот на февруари. Другиот дел од опремата како униформи за шумски и технички интервенции, зимски чизми и алати за работа се набавени согласно планот за јавни набавки. Актуелната ситуација е искористена и за подобрување на условите за работа во противпожарните станици на ниво на Град Скопје. Така, реновиран е центарот во Тафталиџе и во Драчево, а нов објект пожарникарите имаат и во Ѓорче Петров.

– Добивме писмо дека се пролонгира рокот на испорака на ПП-скалата поради Ковид кризата и во Германија. Сепак техничката инспекција на самата скала ќе биде некаде на 18/19 јануари што значи скалата ќе ја очекуваме до крајот на јануари или почеток на февруари, информира Симоновски.

Тој се надева дека и во новата година ќе продолжи подобрувањето на условите за работа, доекипирањето и доопремувањето на бригадата затоа што, како што вели, ние постоиме за граѓаните.

Скопските пожарникари се среќни што имаат и најголем Мурал на светот посветен на нив кој е висок 2 метри и широк 8 метри. Муралот насловен „Хероите на градот” е поставен на противпожарната кула во Автокоманда и е дело на реномираната уметница Јана Јакимовска, професорка на ликовната академија во Штип.

пожари измината година помалку скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

ХУМАНОСТА КАКО ТРАДИЦИЈА: „АЛКАЛОИД“ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА НАЈМЛАДИТЕ

септември 21, 2026

Street Food Picnic втор пат во Центар, три дена храна, музика и семејна забава

септември 18, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.