Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЗНМ, ССНМ, СЕММ, против избрзани решенија за финансирање на медиумите
Македонија

ЗНМ, ССНМ, СЕММ, против избрзани решенија за финансирање на медиумите

мај 20, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Независниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) сметаат дека Владата треба да се воздржи од избрзани и недоволно обмислени решенија во медиумската сфера, особено во период на предизборие.

Економската криза предизвикана од коронавирусот, стои во соопштението од ЗНМ, ССНМ и СЕММ, влијае на кревката финансиска моќ на медиумите генерално и затоа Владата треба да ги исцрпи сите останатите можности за поддршка на медиумите, пред да се размислува за каква било директна финансиска помош.

– Во таа насока, предлагаме Владата дополнително да ги ослободи телевизиите и радијата од бројни давачки кон државата пред се кон ААВМУ и кон Агенцијата за електронски комуникации, а со цел да го помогне нивното работење во услови на криза. Освен ова, дополнително треба да се направи анализа за нови линеарни даночни олеснување на традиционалните, но и онлајн медиумите зошто на тој начин Владата ќе демонстрира дека се грижи медиумите да имаат поволни услови за функционирање во кризно време, а истовремено нема да покаже дека има селективност во поддршката, се подвлекува во соопштението.

Доколку кризата на програмската содржина на медиумите која постои и пред коронавирусот и натаму не покаже знаци на опоравување, сметаме, се вели во соопштението, дека во иднина, Владата треба да се размислува за  креирање привремена поддршка за иновативни и креативни медиумски проекти, односно продукти од јавен интерес, за сите медиуми, со што би се подобрил квалитетот на програмата, како и економската состојба на новинарите.

Со цел дефинирање на критериуми и инклузивност во процесот за обмислување на моделот кој треба да ги запази стандардите од ЕУ членките, ќе биде нужно оценуваат ЗНМ, ССНМ и СЕММ, овој процес да мине низ широка дебата со вклученост на релевантните чинители. Собранието веднаш по конституирањето потребно ќе биде да донесе законско решение со поширок консензус за оваа исклучително важна тема.

– Битен аспект за ваков тип на финансиска поддршка е тоа што сите медиуми што се заинтересирани ќе можат да аплицираат. Притоа напоменуваме дека овие финансии не смеат да го нарушат медиумскиот пазар или да создадат услови за нови непазарни влијанија. Затоа нивниот обем треба да биде умерен.Освен тоа, треба да постојат гаранции дека истите средства би се користеле за подобрување на социјално-економската положба на новинарите и медиумските работници и за создавање на квалитетни медиумски содржини кои се од интерес на јавноста, се посочува во соопштението од ЗНМ, ССНМ и СЕММ,

ЗНМ, ССНМ и СЕММ и останатите партнерски новинарски и медиумски организации во наредниот период ќе побараат помош од дел од нашите стратешки партнери како што се Меѓународната федерација на новинари, Европската федерација на новинари, Делегацијата на ЕУ во Скопје, Амбасадата на САД, како и Мисијата на ОБСЕ во Скопје за споделување на позитивните компаративни искуства, за да послужат како насока во пошироката јавна дебата, по изборите, за изнаоѓање на најдобрите решенија.

актуелно ЗНМ СЕММ ССНМ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.