Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Зошто брусницата е толку многу здрава?
Здравје

Зошто брусницата е толку многу здрава?

јуни 13, 2017Updated:јуни 13, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Брусницата е во форма на жбун и израснува од 10 до 40 cm. Има овални темнозелени листови, кои се поредени во парови и наименично. На врвовите на гранчињата висат во вид на гроздови, бели, а поретко црвенкасти поединечни цветови, кои имаат форма на sвончиња. При крајот на август и почетокот на септември, од цветовите настануваат прво бели плодови, а покасно тие добиваат црвена боја.
Распространетост
Бидејќи брусницата е многу отпорна на ладно и на мраз (до мунус 22 степени Целзиусови), таа е распространета во поголемиот дел од северната хемисфера, од краевите со умерено-континентална клима, па сè до арктичкиот дел (71° северна широчина). Посебно и одговара сончева и сува клима и кисела земја, богата со хумус, но поднесува и помалку хранлива песочна земја.
Состав
Брусницата содржи многу органски киселини, провитамин А (бета каротен), витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3) и многу минерали. Покрај ова, таа содржи и многу фито-соединенија и омега-3 масни киселини.
100G БРУСНИЦА СОДРЖИ:
kcal kJoule вода (g) маснотии (g) калиум (mg) калциум (mg) магнезиум (mg) витамин Ц (mg)
35-39 148-162 88 0,5 72 14 6 12

Брусницата е растение, чии плодови се природен антибиотик. Плодовите од брусницата се богати со различни заштитни материи, содржат минерали како калиум и други, содржат витамини: А и Ц, како и растителни влакна. Црвената тврди топчести плодови имаат киселкаст вкус, кој произлегува од големата количина на витамин Ц, која ја содржат во себе.
Освен тоа, брусницата е веќе долго време позната како лековита билка. Од нејзините листови и плодови се прават лековити чаеви. Од свежите плодови се прават сокови, а плодовите можат да се чуват и замрзнати или сушени. Од нив може да се прават вкусни џемови, сосови и јадења.
Свежите, смрзнатите или сушените брусници, како и сокот од плодовите се природен антибиотик кој ги уништува штетните бактерии и габички во телото.
Биофлавоноидите имаат посебно антибактериско дејство. Така, бројни истражувања покажаа дека брусницата може да ја спречи инфекцијата на мочните патишта, посебно инфекцијата предизвикана од бактеријата Е.colli. Исто така, заштитните материи во брусницата делуваат и на уништување на бактеријата Helicobacter pylori, која е чест причинител на чир на желудникот.
Состојките во брусницата го намалуваат ризикот од разни типови на карциноми, како што се карциномот на дојката и дебелото црево. Студиите покажале дека брусницата го спречува растот на клетките на ракот, како и неговото ширење во телото.

Брусницата го намалува шеќерот во крвта, што е корисно за дијабетичарите. Помага при стресни состојби, како и во превенција на кардиоваскулатните заболувања (волестите на срцето и крвните садови).
Брусницата го подобрува и видот.
Сокот и чајот од плодовите и лисјата на брусницата им се препорачува на децата и на старите лица. Треба да се напомене дека лисјата се берат после бербата на плодовите.
Црвените плодови на брусницата се користат како фил за колачи, за торти, од нив се прават мармалади и сирупи. Често сосовите од брусница се вкусен додаток на јадењата од дивеч.
Како и боровинките, така и брусницата потекнува од Северна Америка, а нејзините лековити својства ги знаеле уште американските староседелци.
Благодарение на високата концентрација на витамин Ц, плодовите од брусницата имаат киселкаст вкус. Плодот (освен како сок) може да се консумира свеж, сушен, смрзнат или пак може да се служи како сос или додаток на разни јадења Плодовите се посебно богати, покрај со класичните витамини и минерали: А и Ц, калиум и растителни влакна, и со различни заштитни материи како што се биофлавоноидите.
Биофлавоноидите имаат силно изразено антиоксидансно дејство, со што се намалува ризикот за развој на рак. Антиоксидансите помагаат и во превенција на кардиоваскуларните заболувања, а хипуричната киселина претставува природен антибиотик со изразено дејство против габите.
Антоцианините и проантоцианидите помагаат во обновување на клетките одговорни за сетилото за вид.
Покрај тоа, брусницата има и многу мало количество на шеќер, па делува на намалување на шеќерот во крвта, што е посебно корисно за дијабетичарите.
Научните истражувања покажале дека 3 чаши сок од брусница дневно го зголемуваат нивото на антиокидансите во плазмата преку 120%. Со таква консумација се подига нивото на „добриот“ холестерол во крвта, а на тој начин и се намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања за околу 40%.
Но, она поради кое брусницата стана прав „хит“ е, всушност нејзиното благотворно дејство на различните воспаленија и инфекции на уринарниот тракт.
Како делува брусницата?
Најчестата и најтврдокорна бактерија на уринарниот тракт, E. colli, се лепи за sидовите на уринарниот систем. Но, сокот од брусницата, на некој начин, го спречува тоа лепење на опасните бактерии за еднотелот на уринарниот тракт, така да бактериите полесно се исфрлаат со мочката.
Новите истражувања покажуваат дека некои состојки од брусницата делуваат и врз една друга честа и опасна бактерија, а тоа е Helicobacter Pylori, која во наголем процент е причина за чир во желудникот.
Во последно време брусницата предизвика вистински бум, ја препорачуваат нутриционситите, алтернативната медицина и лекарите.

За некого можеби е премногу кисела бидејќи содржи многу витамин Ц, но нутриционситички гледано брусницата е вистинска ризница на заштитни состојки кои му помагаат на здравјето. Покрај класичните витамини, минерали и хранливи влакна, во брусницата се наоѓаат и бројни биофлавониди кои имаат силно антиоксидантно делување и го намалуваат ризикот од карцином, посебно на дојката и дебелото црево.

Антиоксидантите, освен тоа помагаат и во превенција од болестите на крвните садови. Истражувањето на американскиот Национален институт за здравје покажува дека три чаши сок од брусница дневно го зголемува нивото на антиоксиданси за повеќе од 120 проценти. На тој начин се крева нивото на добриот холестерол (HDL) во крвта и се смалува ризикот од срцеви заболувања за цели 40 проценти.

Киселината која се ноаѓа во брусницата е природен антибиотик, а и се препишуваат и антибактериски и антифугални својства. Антоцианинот и проантоцианинот од брусницата ги обновуваат клетките кои се одговорни за видот. Исто така, истражувањата покажуваат дека брусницата го спречува пропаѓањето на забите и настанувањето на кариес. Таа делува и на намалување на глукозата во крвта, што пак е корисно за дијабетичарите.

Научниците открија зошто некои состојки од брусницата се толку многу силни против бактериите кои предизвикуваат бројни инфекции на уринарниот трак. Имено, флавоноидите од брусницата имаат посебно силно антибактериско дејство токму во овој дел од телото. Најчестата и најнезгодна бактерија за уринарниот трак е E. Coli која се лепи по должината на уринарниот трак. Но сокот од брусницата на некој посебен начин го спречува лепењето на опасните бактерии на клетките од уринарниот трак, па така урината многу лесно ги исфрла од телото. За да се спречи уринарна инфекција доволно е едена чаша сок или чај од брусница дневно. Истражувањата исто така покажаа дека брусницата ја уништува и Helicobacter pylori, која е одговорна за проблемите со варењето, а може да предизвика и чир на желудникот.
Плодот од брусница (Vaccinium macrocarpon, Ericaceae) има долга историја на користење, најнапред кај нативните Американи па сè до искусните, при користење чај, Англичани. Расте на планините, во шумите, а последниве десеттина години, на енормно големи површини се култивира, од каде и комерцијално се користи. Свежите бобинки од брусница многу потсетуваат на плодовите од шипка, не само поради изгледот, туку и по вкусот. Имаат сладок вкус, со слабо кисела нота, а заради присутните танини, по малку и ја стегаат слузницата во устата. Брусницата изобилува со антоцијани, проантоцијанидини, флавоноли, органски киселини, танини, етерични масла, овошни шеќери и витамини. Брусницата е добар извор на витамините А, Ц, Б и на фолната киселина.Плодот од брусница содржи состојки кои го спречуваат слепувањето на уринарните бактерии на слузницата на уринарните патишта и на тој начин ги штитат од инфекции. Особено, како превентива, се препорачува за лица кои се подложни на вакви инфекции.
Зошто брусницата е толку многу здрава?
Второто име на брусницата е природен антибиотик кое произлегува од нејзиниот богат и хранлив состав.
• Брусницата успешно се спротивставува на бактериите кои често знаат да се појават на уринарниот тракт, како и кај бешиката и бубрезите. Успешно лечи секаков вид на уринарни инфекции кои се честа појава кај жените, особено постарите, трудниците, жените во менопауза како и жените кои страдаат од дијабетес.
Ако веќе постојат бактерии на овие делови од телото, тогаш сокот од брусница ќе потпомогне истите да не можат да се залепат за ѕидовите на уринарниот тракт, со што преку мокрачата полесно ќе се исфрлат од телото.
• Едни од најштетните бактерии ешерихија коли и хелиобактери успешно се третираат и лекуваат со повеќе месечно консумирање на сок од брусница.
• Брусницата го намалува бројот на штетни бактерии во усната шуплина и е една од главните природни состојки кои го подобруваат видот.
• Брусницата има способност за многу кратко време да ги ревитализира и обнови ќелиите кои поради одредени причини биле заболени, а неодамнешни истражувања докажаа и дека брусницата е одличен антиоксиданс кој го намалува брзото растење и понатамошното ширење на клетките заболени од рак.
• Поради нискиот процент на шеќер, брусницата ја намалува гликозата во крвта со што особено е препорачано да ја консумираат луѓето кои имаат дијабетес.
Како да подготвите природен сок од брусница?

Три килограми свежи плодови брусница ставете ги во еден литар вода и варете ги додека не им испука лушпата. Потоа пасирајте ги и низ чиста газа процедете ја течноста. Сокот вратете го повторно на оган, додајте 250 гр. шеќер и варете го уште пет минути. Пената која ќе се појавува цело време во садот додека сокот се вари отстранувајте ја со лажица.
Добиениот врел сок ставете го во загреани и претходно убаво измиени шишиња, оставете го да се олади и пијте го сѐ почесто.
Докажано е ако дневно се пијат по три чаши сок од брусница дека ќе се зголеми нивото на антиоксиданси и нивото на добриот холестерол (HLD) со што би се намалил ризикот од појава на болести на срцето и крвните садови за дури 40%.
МЕД СО БРУСНИЦА

Стресот е секојдневен дел од нашиот живот, и сите ние имаме свој начин со кој се трудиме да излеземе на крај со него. Она што е важно да се знае е дека секој стрес, колку беззначајно да делува, остава трајни последици во организмот.
Мед со брусница е природен антибиотик и антиоксиданс кој го подобрува имунитетот, делува против кардиоваскуларните болести, го подобрува лекувањето на уринарните патишта, чир на желудникот и дванаестопалачното црево.

Поради своите природни својства, медот со брусница има јако дејство против воспаление и инфекции на уринарните патишта, инфекции на кожата, органите за варење.
Најјако дејство медот со брусница има во борба против болестите предизвикана од бактеријата ешерихија коли и гастритис.

Пишува:

Драган Јованов – Фитотерапевт, Асистент на Факултетот за менацмент на еколошки ресурси

Брусница Витамин Ц
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Доктор открива кој пијалок има докажани придобивки за црн дроб

септември 22, 2026

Чешка ќе дозволи лекарите да препишуваат лековити „магични печурки“ од следнава година

декември 9, 2025

Истражување: Седата коса е природна заштита против меланом

ноември 24, 2025
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.