АКТУЕЛНО
- Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
- Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
- Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
- Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
- Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
- Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
- Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
- ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра








Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, ќе се сретнат во Софија на 15 и 16 феваруари, на маргините на неформалната средба на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ и државите кандидати за членство, објави Независната Балканска новинска агенција – ИБНА.
Се очекува Димитров и Коѕијас да разговараат за следните чекори во процесот за решавање на спорот за името меѓу двете земји.
Вчера, македонскиот премиер Зоран Заев, најави дека следната недела треба се одржи нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Димитров и Коѕијас со посредникот на ОН Метју Нимиц.