Еден од најдобрите шведски фудбалери Златан Ибрахимовиќ изјави дека репрезентацијата на таа земја може преку Англија да стане светски прват на шампионатот во Русија.
„Во оваа фаза од натпреварувањето не се работи само за тоа колку си добар или не. Постојат и други фактори кои играат улога во се. Присутни се емоции, треба да се има и среќа во некои ситуации. Јас верувам дека Шведска може да ја победи Англија во четвртфиналето и после тоа да стане победник на Мундијалот. Тоа го кажав и пред почетокот на светското првенство“, изјави Ибрахимовиќ за шведскиот „Експресен“.
Токму напаѓачот на Лос Анџелес Галакси го одбележа последниот дуел на овие две селекции, кога во пријателски натпревар постигна четири голови за победа од 4:2, а последниот беше спектакуларен со „ножички“ од околу 25 метри.
Натпреварот од четвртфиналето меѓу Шведска и Англија е на програмата во сабота во 16 часот на стадионот во Самара.







