Златан Ибрахимовиќ не го крие воодушевувањето што наскоро ќе добие статуа пред националниот стадион во Стокхолм, висока 270 сантиметри.
На Инстаграм се пофали со фотографија, со коментар каков што само тој може да напише, а тоа да биде многу симпатично:
„Кога ќе дојдете во Њујорк пред вас е Статуата на слободата. А кога ќе стигнете во Шведска, тука е Статуата на Златан“, објави напаѓачот на Манчестер јунајтед.
Фудбалскиот сојуз на Шведска оваа акција ја спроведе во чест на играчот, кој 11 пати ја освојувал титулата
фудбалер на годината во државата, десетпати едно по друго.
Пред збогувањето од националниот дрес, Ибрахимовиќ постигна 62 голови на 114 натпревари.