Имајќи ги предвид експертските укажувања за противуставноста на законот, донесов одлука да не го потпишувам указот за Законот за упореба на јазиците, изјави во денешното браќање претседателот Ѓорѓе Иванов.
Тој додаде дека испратил писмо до Собранието на Република Македонија со кое што го известува за неговата одлука. Во писмото Иванов детално правно ја образложил одлуката и ги повика пратениците сериозно да ги разгледаат забелешките и одговорно да постапат и потенцираше:
„Наместо во дух на дијалог и соживот да градиме мултиетничко општество, ние носиме неправеден и репресивен закон со кој се фаворизира албанскиот јазик. Злоупотребено е европското знаменце, за со просто мнозинство да се изгласа закон за кој е потребно двотретинско“ – рече Иванов.







