Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Иванов се оглушува на пораките од Европа
Македонија

Иванов се оглушува на пораките од Европа

април 4, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Дојдов овде со силна порака од лидерите и институциите на ЕУ: заложбата на Европската унија во поглед на вашата европска перспектива е недвосмислена. Напредувањето кон членството во ЕУ и НАТО се покажа како фактор на заедништво. Заедништво кое е толку многу потребно денес во вашата земја. Затоа, се надевам дека ќе продолжите да го следите овој внатрешен компас и ќе го избегнете сето она кое што може да разгори дополнителни тензии, вклучително и по етнички линии“, порача претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Во однос на политичката криза во земјата, Туск истакна дека одлуката за тоа е на Македонија и побара решение базирано на демократските начела, пристојност и здрав разум.

„Разбирам дека сега не се лесни времиња и дека имате голема одговорност, овие времиња бараат државнички однос и ништо помалку“, му псочи претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на претсдателот Ѓорге Иванов.

„Претседателе Иванов, ви одговорив на писмото од почетокот на март за изнаоѓање на излез од актуелната политичка криза. Оваа долготрајна криза ја успорува вашата држава на евро-атлантскиот пат. На вас е да најдете решение засновано на демократски начела, пристојност и здрав разум. Само таквото решение може да биде трајно. Кога ќе најдете такво решение, можете да сметате на нашата поддршка“, истакна Туск.

Претседателот Иванов, пак, рече дека со Туск размениле мислења и информации за мигрантските коридори, тензиите меѓу ЕУ и Турција, капацитетите на транзитните држави, но и за ризиците по регионалната стабилност од мигрантскиот бран насочен кон Европа од Африка и Азија.

„Во рамките на денешната посета претставници од Агенцијата за разузнавање и АРМ одржаа класифициран брифинг за развојот на сценаријата врз основа на степенот на ризик од заканата од илегалната миграција и капацитетите со кои располагаме. Повторивме дека Македонија е транзитна земја и дека останува на ставовите и барањата изнесени на состанокот на шефови на држави и влади во Брисел во октомври 2015 година. На средбата искажавме интерес за правната рамка за партнерство со унијата во однос на три прашања: заштита на границите, контратероризмот и кризниот менаџмент во услови на блокада на евроинтеграциите, а во процес на обликување на идната одбранбена архитектура на Унијата“, рече Иванов.

Тој посочи дека Македонија како и досега ќе дејствува за заштита на својата национална безбедност и сигурноста на своите граѓани.

„Македонија е чувар на портите на Европа и повеќе од 19 месеци врши контрола за влез во најбрзиот мигрантски коридор што води кон Европа. Мојата порака до Европската Унија е јасна – помогнете ни за да ви помогнеме. Помагајќи и на Македонија, си помагате себеси“, рече тој.

Иванов уште еднаш повтори дека останува на своите ставови во врска со актуелната политичка состојба во земјава.

„Детално го запознав претседателот Туск со моите уставни овластувања како претседател на Македонија и со праксата установена од 1992 година за определување мандатор за состав на нова влада. Во оваа прилика сакам уште еднаш недвосмислено да порачам мојот став останува непроменет. Правната и политичката пречка мора да се отстранат. Целта на двата услова е новата влада да не биде оспорена од ниедна страна по ниедна основа. Мојата одлука е превентивна за да спречиме штетни последици. Уценета влада е нестабилна влада со краток рок на траење и штетни последици“ рече Иванов.

Тој потсети дека ЕУ е гарант на само два договори, Охридскиот и Договорот од 2015 година.

„Оттука императив на партиските лидери треба да биде спроведување на ургентните реформски приоритети. Првата точка на дневниот ред на партиите треба да бидат европските реформи, а не спроведување на постизборна платформа креирана во туѓи држави, платформа со која се загрозува независноста на државата, се условува постигнувањето на парламентарното мнозинство, се уценува составот на новата влада. Се нарушуваат добрососедските односи со директно вмешување во внатрешните работи на Македонија, се поттикнуваат тензии во меѓуетничките односи, се манипулираат прашања со работи надвор од Ремковиот договор, се бара промена на Уставот. Треба да се фокусираме на европските реформи. Само европските реформи ќе ни помогнат да го искорениме коренот на политичките кризи“, рече Иванов.

 

актуелно Доналд Туск ѓорге иванов Европски совет ЕУ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.