Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Извршниот директор на „Мекдоналдс“ доби отказ заради врска со колешка
Автор

Извршниот директор на „Мекдоналдс“ доби отказ заради врска со колешка

ноември 4, 2019Updated:ноември 4, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Стив Истербрук, извршниот директор на „Мекдоналдс“, доби отказ затоа што бил во врска со вработена во компанијата.

„Мекдоналдс“ соопшти дека иако врската била на задоволство на двајцата, Истербрук ја „прекрши политиката на компанијата“ и покажа „лоша проценка“. Во мејлот што им го испрати на вработенитебританскиот бизнисмен призна дека врската со колешката била грешка.

„Со оглед на вредностите на компанијата, се сложувам со Управниот одбор дека е време да си одам“, наведе Истербрук.

Истербрук (52), кој е разведен, почнал да работи во „Мекдоналдс“ во 1993 година како менаџер за подоцна да напредува. Од „Мек“ си заминал во 2011 година и станал шеф во „Пица експрес“ и тогашниот азиски ланец на ресторани „Вагамама“, но две години подоцна се враќа во старата фирма и на крајот станува шеф на рестораните за брза храна во Обединетото кралство и на северот на Европа. За извршен директор е именуван во 2015 година.

Нашироко му се припишуваат заслугите за унапредување на менито и рестораните, така што ги реновирал просториите и вовел подобри состојки за храната. За време на неговиот мандат вредноста на акциите на компанијата во САД скокнала повеќе од двојно. Под негово раководство „Мекдоналдс“ ги подобри опциите за достава и мобилно плаќање.

Одборот на гигантот за брза храна во петокот изгласа отказ за Истербрук. Според правилата на компанијата, на менаџерите им е забранета романса со вработени од понизок ранг. Истербрук се повлече и од местото претседател и член на управниот одбор на „Мекдоналдс“.

Компанијата е на мета на критики заради платите на своите вработени во рестораните, а Истербрук бил под надзор заради својата плата од 15,9 милиони долари во 2018 година. Таа била 2.124 пати поголема од просечната плата на вработените која изнесува 7.473 долари. Него ќе го замени Крис Кемпчински, кој беше претседател на „Мекдоналдс“ во САД.

Кемпчински во соопштението му се заблагодарува на Истербрук за придонесот којшто го дал за компанијата и за него лично.

„Стив ме доведе во ‘Мекдоналдс’ и беше внимателен и голем ментор.“

 

 

(Фото: ЕПА)

Европа мекдоналдс романса САД
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Кос од Софија: Еден ден целиот Западен Балкан ќе биде дел од Европа

октомври 8, 2026

НАТО ќе организира голема вежба во Европа

септември 30, 2026

Трамп досега упати најсериозна закана до Европа поради Канада

септември 18, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.