– Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за употребата на македонскиот јазик, со кој се врши усогласување со новиот Закон за прекршоците, е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи, каде што е достапен за коментари и забелешки.
Измените и дополнувањата на Законот за употребата на македонскиот јазик ги подготви Министерството за култура.







