Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Изречени казни и забрани со засилените контроли за спречување на аерозагадувањето
Скопје

Изречени казни и забрани со засилените контроли за спречување на аерозагадувањето

ноември 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Изречени се повеќе глоби и забрани за утврдени инциденти и активности кои значително влијаеле на загадувањето на воздухот и животната средина во повеќе општини минатата недела во рамки на активното спроведување на мерките за намалување на аерозагадувањето, информира владината прес-служба.

Овие мерки се предвидени во Програмата и Планот за чист воздух донесени од Владата, спроведени од комбинираните тимови составени од седум владини советници, кои во координација со сите инспекторати во државата вклучувајќи го и Министерството за внатрешни работи преземаат активности за спречување на загадувањето на воздухот.

„Инспекторатот на Град Скопје по реакција на граѓани, излегува на терен заедно со акредитирана лабораторија, спроведува вонреден инспекциски надзор и мерење на граничните вредности од стационарниот емитер. Беа извршени вонредни инспекциски надзори во правни субјекти, обиколки на површини и диви депонии, како и контрола на начинот на кој се загреваат субјектите во повеќе општини низ земјата (меѓу кои Босилово, Виница, Тетово, Гостивар, Илинден, одделни општини во Скопје, Карпош, Центар, Гази Баба, Шуто Оризари, Сарај, Конче, Куманово, Велес, Гевгелија…), информираат од Владата.

Во општина Велес, при надзор на инсталациите и објектите кои подлежат на Б-дозволи и eлаборати, биле изречени неколку мерки, меѓу кои спогодување за плаќање на глоба во износ од 50.000 евра на прехранбената индустрија „Благој Ѓорев“ АД Велес, која треба да се плати на сметка на Буџетот на РСМ во рок од 15 дена за пожарот во Бинсталацијата со кој се предизвика значително негативно влијание врз животната средина и амбиентниот воздух.

Изречена е забрана за употреба на опрема за дробење во еден правен субјект – Б инсталација за сепарирање на песок, решение за отстранување на недостатоци кај автомеханичарска работилница, решение за постапување со отпад од вршење на дејност во работилница, како и одземање на железнички прагови и нивни делови пронајдени кај физичко лице кои биле користени за греење.

Во дел од општините биле издадени известувања до правните субјекти да се придржуваат до наведените мерки од нивните Елаборати за заштита на животната средина, иако не биле констатирани видливи траги на загадување на воздухот.

„Компаниите кои немаат извршено мерења на емисии во воздух со решение беа задолжени да ги извршат истите според дозволата која ја поседуваат, беа изречени усни опомени за несоодветно распоредување на отпад, како и опомени за отстранување на хаварисани, нерегистрирани возила. Секојдневни интензивни контроли од тимовите составени од инспектор за животна средина и комунален инспектор и редр се вршат во речиси сите општини во државата и за тоа се испраќаат извештаи до Канцеларијата на Претседателот на Владата на РСМ.

Контролирани беа сите места во градот кои се потенцијални извори на загадување, како земјоделски земјишта каде се палат стрништа, угостителски објекти каде се појавил чад, како и обиколка и контрола на фабрики по поднесена пријава дека е забележан чад или непознат мирис, информираат од Владата.

Во дел од општините, како во општина Конче, на огласните табли биле поставени соопштенија за забрането палење на стрништа, депонии и друг вид отпад.

За да ја олесни комуникацијата и да ги охрабри сите засегнати граѓаните, со цел континуирано да се спроведуваат активностите за борба против аерозагадувањето, Инспекторатот на Град Скопје на социјалната мрежа Фејсбук постирал упатство во кое се даваат насоки како граѓаните побрзо и поефикасно да пријавуваат секаков вид загадување на амбиенталниот воздух.

Во постот до граѓаните, се објаснува како на едноставен начин секој може да се вклучи во пријавувањето на загадувачите, со испраќање фотографија и податоци за локацијата на загадувачите, со што ќе се овозможи побрза реакција на инспекторите и откривање на загадувачите.

Во наредниот период, најавуваат од Владата, надлежните ќе продолжат со вршење на вонредни инспекциски надзори во правни субјекти кои поседуваат Елаборат за заштита на животна средина секаде каде што има појава на емисии во амбиенталниот воздух, ќе контролираат површини каде постојат депонии и стрништа и редовно ќе известуваат за преземените интервентни акции.

 

 

 

ИЗВОР: МИА

 

аерозагадување актуелно забрани казни
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.