Македонија е на 54-то место меѓу 167 земји опфатени со Индексот за просперитет за 2019 година кој го објавува лондонскиот Институт Легатум, врз основа на резултати од 12 области.
Во регионот најдобро рангирана е Словенија, на 27 место. Следат Хрватска која е 45-та, Унгарија на 46 место, Романија е 47-ма, Бугарија го зазема 49 место, Црна Гора е 50-та, а Србија 52-ра на листата.
Зад Македонија се само Албанија (65) и Бих (70).
Најдобри резултати Македонија бележи во областа на безбедноста, образованието и условите за живот, а најслаби во областа за животната средина и општествениот капитал.
Општествениот капитал е индикатор за поврзаноста на општеството во насока на доверба, почитување и помагање меѓу неговите членови, како и во однос кон институционалните структури.
Првите три места во Индексот ги завземаат Данска, Норвешка и Швајцарија додека трите последни на листата се Централноафриканската Република, Јемен и Јужен Судан.







