Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Интересите на граѓаните и државата да бидат на прво место, им порача Заев на кандидатите за министри
Македонија

Интересите на граѓаните и државата да бидат на прво место, им порача Заев на кандидатите за министри

август 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ќе нема компромис за министрите ако некој го прекрши законот, најавува мандатарот Зоран Заев, а ако се прекршат етичките норми очекува оставка или ќе има разрешување.

Во експозето за предложениот нов состав на Влада денеска пред Собранието Заев им порача на кандидатите за министри дека од нив очекува одговорност, како и да ги стават интересите на граѓаните и државата на прво место.

„Имате привилегија во вашата работа да донесете добро за нашата држава и за нашиот народ. Искористете ја. Очекувам посветена работа и целост да се вградите и да водите процеси кои носат трансформација на подобро и никогаш не заборавајте дека секој од вас е одговорен и пред граѓаните и пред законите нема толеранција за прекршување на законите или етичките норми без разлика на функцијата која ја извршувате. Со тоа немало и никогаш нема да има компромис. Ако некој го прекрши законот ќе одговара. Ако се прекршат етичките норми очекувам оставка или ќе има разрешувања“, рече Заев.

Тоа, како што рече, се однесува и на сите директори и раководители, но и на целата јавна администрација.

„Посебно да водите грижа за однесувањето на тие од вториот и третиот ешалон, раководители на сектори и одделенија, шефовите во јавните институции. Најголемите злоупотреби, неетички однос се прави токму таму“, укажа Заев.

Барајќи ја поддршката од пратенците за новата влада пред пратениците рече дека предожените кандидати за идни министри се одговорни и угледни личности, докажани во своите области, мотивирани посветено да работат во остварувањето на целите кои пред нас ги поставуваме.

Од пратеницте побара да ги случаат гласачите, но и да бидат контролор и
коректив на работата на извршната власт.

„Вашите колеги од претходниот состав носеа тешки одлуки. Но, одговорни и исправни одлуки со кои државата ја поведоа напред и на вистински пат, на патот на развој напредок, интеграции. Од идната соработка со Собранието ја очекувам, но ја нудам во име на владата истата одговорност и посветеност за да продолжиме по вистинскиот пат. За време на вашиот мандат како пратеници водете се исклучиво од интересите на граѓаните затоа што ја имате привилегијата токму вие да бидете нивните претставници онаму каде што се носат одлуките. Слушајте ги вашите гласачи. Истовремено секогаш имајте ја во предвид обврската да бидете контролор и коректив на работата на извршната власт за да ни дадете дополнителна вредност во креирањето на политики. Првата можност за тоа секако е денешното гласање за избор на нова влада и очекувам дека мнозинството пратеници ќе даде поддршка на предлогот за уште веднаш да започнеме со посветена работа во интерес на граѓаните“, рече Заев

Тој, меѓу останатото, во експозето најави и посебен фокус на подобрување на работата на инспекциските служби и потенцираше дека во последните три години се воведуваат целосно нови стандарди во водењето на институциите.

„Покажавме дека може да се работи и чесно и одговорно и професионално во интерес на граѓаните и за интересите на државата. Законот да важи еднакво за сите. Тоа во следниот период ќе го правиме уште подобро и уште повеќе затоа што знаеме и затоа што можеме. Им благодарам на сите граѓани кои преку својата гласачка волја ја одредија насоката по која што треба да се движиме. Сега е време да сработиме заедно во заеднички проекти и акции да го испорачаме она што заеднички го договоривме. Заедно со вас, со граѓаните продолжуваме да испишуваме светли поглавја на нашата демократија и заедно да го чекориме патот до поквалитетен живот и подобра иднина за сите“, порача Заев.

 

актуелно Заев министри
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.