Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Инфлацијата во ЕУ во октомври надмина 11 отсто
Анализи

Инфлацијата во ЕУ во октомври надмина 11 отсто

декември 8, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Инфлацијата во Европската унија се зголеми во октомври, надминувајќи 11 отсто, објави Европскиот завод за статистика, намалувајќи ја благо проценката за растот на потрошувачките цени во еврозоната.

Годишната стапка на инфлација во ЕУ, мерена преку хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), во октомври достигна 11,5 отсто, ново највисоко ниво откако европската статистичка служба почна да објавува податоци.

Во септември изнесуваше 10,9 отсто, а во октомври лани 4,4 отсто.

Во еврозоната порасна од 9,9 отсто во септември на 10,6 отсто во октомври, објави Евростат, намалувајќи ја проценката од крајот на октомври за 0,1 процентен поен.

Намалената проценка одразува поблаг пораст на цените на енергијата, за 41,5 отсто во однос на минатогодишниот октомври. Пред две недели Евростат процени дека тие се зголемиле за 41,9 отсто.

Во октомври стапката на инфлација во еврозоната изнесуваше 4,1 отсто.

Заедно со скокот на цените на енергијата, посилен од септември кога пораснаа за 40,7 отсто, главен двигател на инфлацијата беше зголемувањето на цената на свежата храна, за 15,5 отсто во однос на ланскиот октомври.

Во септември цената порасна за 12,4 отсто.

На месечно ниво, растот на цените се забрза во октомври и во ЕУ и во еврозоната, од 1,2 во септември на 1,4 односно на 1,5 отсто.

Во споредба на септември, стапката на инфлација порасна во 13 земји членки, а падна во 11. Во три земји таа се задржа на септемвриското ниво.

Најмногу во октомври пораснаа потрошувачките цени во Естонија и Литванија, за 22,5 односно за 22,1 отсто.

Блиску се и Унгарија и Летонија, со раст на цените за 21,9 односно 21,7 отсто.

Во Хрватска, годишната стапка на инфлација, мерена со истиот индекс, во октомври изнесуваше 12,7 отсто и беше за 0,1 процентен поен повисока отколку во септември. Во октомври минатата година таа изнесуваше 3,9 отсто.

Италија, третата по големина економија, во октомври имаше инфлација од 12,6 отсто.

Во Германија, најголемата европска економија, таа изнесуваше 11,6 отсто.

Најслаб раст на потрошувачките цени во октомври бележеше Франција, од 7,1 отсто.

Следат Шпанија и Малта со раст на цените од 7,3 односно 7,4 отсто.

актуелно германија енергија инфлација италија Франција храна цени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.