Падот на вредноста на турската лира никако не запира, и инфлацијата, неспорно поврзана со растот на цените, во септември официјално достигна 83,45% во септември. Економистите зборуваат за хиперинфлација кога таа ќе надмине 20% – месечно, но веќе и така турската валута ја зафати типичен проблем на таква криза: се поголемата разлика помеѓу „официјалните“ и „неофицијалните“ цени на девизите.
Независниот економски институт ИРГ („Inflation Research Group“) проценува дека „вистинскиот“ пад на вредноста на турската лира е веќе над 186% и дека нема индикации дека нешто ќе се подобри.
Сите во Турција знаат дека монетарната политика не ја води тамошната централна банка, туку претседателот Ердоган. А, тој не сака да дозволи каматните стапки да станат повисоки – без оглед на инфлацијата.
Всушност: во септември турската централна банка на чело со Шахап Кавџиоглу, член на партијата и лојален следбеник на претседателот Ердоган, дури и ја намали есконтната стапка од 13 на 12 отсто.
Некои странски медиуми оваа мерка дури ја нарекоа и „монетарно хара- кири“, бидејќи турскиот претседател не сака да дозволи каматите на кредитите да станат повисоки.
Ердоган дури најави уште поголемо намалување на есконтната стапка во пресметката дека се поевтините турски производи за извоз и се уште поволните кредити за големите компании ќе ја кренат економијата на земјата на нозе.
Економската наука не познава случај кога тоа се случило, но тоа за турскиот претседател и не е толку важно.
Затоа што проблемот е што увозот стана многу скап за Турција, без разлика дали се работи за суровини или полусуровини за турските фабрики, обично увезени од Далечниот Исток, чија испорака и онака е нарушена поради пандемијата.
Исто така, турската политичка елита оваа мерка ја толкува како грижа за турските граѓани кои, неминовно, би биле погодени од рецесија, која би била последица на борбата против инфлацијата, но граѓаните веќе се погодени од намалувањето на вредноста на парите што ги имаат во џебот и со сè поскапите, не само енергенси од увоз туку и животните намирници произведени во Турција.
Инфлацијата во Турција е стара и добро позната неволја: дури, во 2002 година беа направени огромни напори за воспоставување монетарни институции кои би го спречиле намалувањето на вредноста на парите, а во 2005 година, со монетарната реформа беше воведе „новата турска лира“ на која и беа „отфрлени“ шест нули од старите апоени – еден милион стана една „нова“ лира.
Веќе сега би имало место за отфрлање на нули: 1 турска лира, неверојатно слична на монета од 2 евра, моментно вреди 5,5 евроценти – и тоа по „официјален“ курс.







