На британскиот крал Чарлс Трети и на неговата сопруга Камила, денеска, на настан северот на Англија е фрлено јајце, а едно лице е уапсено.
Јајцето паднало недалеку од кралската двојка, додека пристигнувале на традиционална церемонија во Јорк.
Чарлс и Камила не покажаа вознемиреност поради инцидентот.
Полицијата веднаш го приведе демонстрантот кој извикуваше пароли.
Чарлс, кој го презеде тронот во септември по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, е во дводневна посета на северот на Англија.
(Фото: АП)







