Градоначалникот Петре Шилегов за 5 месеци не започна и не дозаврши ниту еден капитален проект за Скопје, вели Ирена Попова советничка на град Скопје, од ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалникот Петре Шилегов треба да даде одговори за неколку клучни теми и прашања:
Ветуваше пред изборите еколошки чист град, а Скопје никогаш не бил позагаден и нечист.
„Ветуваше решавање на проблемот со кучиња скитници, а наместо тоа медиумите секој ден се преполни од случаи каде кучиња нападнале граѓани, и случаи со изживување и нехуман третман на животни.
„Ветуваше зголемена безбедност по сообраќајниците, а секојдневно граѓаните со своите животи го плаќаат хаосот по улиците. Последен таков тежок инцидент беше сообраќајката со тешки телесни повреди на улицата „Борис Сарафов“ во Ѓорче Петров.
„Ветуваше живот за сите и општество за сите, а воведе прескап паркинг достапен само за богатите“.
Скопје во овие 5 месеци има градоначалник кој е туристички патник. Повеќе од два месеци е на патувања во странство, а бенефитот од тие патувања сеуште го нема.







