Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ИРИ: Седумдесет и четири отсто од граѓаните го поддржуваат пристапувањето кон ЕУ
Политика

ИРИ: Седумдесет и четири отсто од граѓаните го поддржуваат пристапувањето кон ЕУ

јуни 5, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Мнозинството граѓани во државава сметаат дека САД се меѓу најважните политички партнери на земјата, покажува најновото мултинационално истражување за Западен Балкан, што го спроведе Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Истражувањето открива поделени мислења за Соединетите држави како економски и политички партнер, но и ентузијазам за посилни врски со Европската Унија (ЕУ).

Истражените земји биле Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија.

Како одговор на прашањето кои нации ги сметаат за најважни економски партнери, јавноста се поделила во одговорот, Косово со извонредно мнозинство (94 проценти) се повикало на САД, во споредба со само 13 проценти од испитаниците во Србија кои го делат ова чувство.

Големото мнозинство во Србија ги наброило Русија (73 проценти) и Кина (71 посто) меѓу најважните економски партнери.

„И поголемиот дел во Црна Гора смета дека САД се меѓу најважните политички партнери на нивната земја. Во Босна и Херцеговина и Србија, уделот на оние кои го гледаат САД како клучен политички партнер е помал (29 и 15 проценти)“, стои во истражувањето.

Ентузијазмот за членство во ЕУ останува голем.

На прашањето како би гласале ако утре се одржи референдум мнозинството од граѓаните во земјава (74 проценти) го поддржува пристапувањето.

Мнозинството во сите земји рекле дека ќе гласаат за интеграција во ЕУ.

Во Косово, огромно мнозинство (93 проценти) го поддржува пристапувањето, а и силно мнозинство во БиХ (76 проценти).

„Загриженоста за дезинформациите беше очигледна во петте испитани земји, што покажува дека лажните наративи што често ги туркаат малигните актери се континуиран проблем на Западниот Балкан. Мнозинството во БиХ, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија се согласија дека погрешните или лажните информации во медиумите се или „многу“ или „донекаде“ проблематични за нивните земји. Дополнително, мнозинството во сите пет држави рекоа дека наидуваат на погрешни или лажни информации во медиумите „дневно“, „речиси секој ден“ или „неколку пати неделно“, се наведува во истражувањето.

Регионалниот директор на ИРИ за Европа, Пол Мекарти смета дека оваа
анкета покажува дека многумина во регионот ги насочуваат своите интереси кон Западот.

„Постојаната поддршка од САД и ЕУ за зајакнување на демократијата во целиот регион е клучна за консолидирање на овој позитивен тренд и овозможување на овие земји да се спротивстават на загрозувањето од страна на авторитарните сили. Земајќи предвид дека голем дел од дезинформациите што кружат на Балканот произлегуваат од авторитарни сили како што се Кина и Русија, утешува фактот што граѓаните на Балканот ги препознаваат проблемите кои ги предизвикува овој феномен“, вели Мекарти.

Истражувањето се спровело во име на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од Ипсос Босна и Херцеговина меѓу 2 февруари и 6 март 2020 година.

Податоците биле собрани преку интервјуа лице-волице во домовите на испитаниците во секоја од вклучените земји, со стапки на одговор од 50 до 85 проценти и со користење на повеќестепена стратификација пропорционална на распределбата на населението.

Ова истражување било спроведено со поддршка од Националниот фонд за демократија

актуелно ЕУ ИРИ пристапување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.