Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ИТАЛИЈА УДРИ ПО БАНКИТЕ: Воведен данок на добивките од дури 40 отсто
Финансии

ИТАЛИЈА УДРИ ПО БАНКИТЕ: Воведен данок на добивките од дури 40 отсто

август 8, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Италијанската влада воведе еднократен данок од 40 отсто на добивката на банките, а собраните пари планира да ги искористи за да им помогне на луѓето кои земаат хипотекарни заеми за да го купат својот прв имот.

Наглиот раст на каматните стапки на централните банки им донесе рекорден профит на банките, со оглед дека тој раст можеа да го пренесат на корисниците на кредитите, а во исто време не ги зголемија значително каматите на депозитите.

Земјите како Шпанија и Унгарија веќе воведоа данок на прекумерната добивка на банкарскиот сектор.

Италијанската влада годинава ќе ја оданочува со еднократен данок од 40 отсто нето каматната маржа на банките, која претставува разликата меѓу каматите на заемите и депозитите и е извор на заработка на банките.

Се проценува дека со овој данок ќе се соберат нешто помалку од три милијарди евра, дознава Ројтерс од добро упатени извори.

Десничарската влада на Италија во повеќе наврати ги критикуваше банките дека повисоката цена на парите не ја пренесоа и на штедачите, но се покрена дури после последната низа на рекордни заработувачки за кои банките известија кон крајот на јули и почетокот на август.

Сите италијански банки остварија многу подобри резултати од очекувањата и ги зголемија проценките за добивката благодарение на растот на каматните стапки.

Водечката италијанска банка „Интеса Санпаоло“ на крајот на минатиот месец објави дека оваа година очекува добивка од над 13,5 милијарди евра од нето каматната маржа.

„Уникредит“, исто така, ги подобри финансиските насоки за оваа година и сега очекува дека годинава ќе оствари нето приход поголем од 21,5 милијарди евра и нето добивка над 7,25 милијарди евра.

„Треба само да ги погледнете профитите на банките во првата половина од годината за да разберете дека не зборуваме за неколку милиони, туку за милијарди“, рече потпретседателот на владата, Матео Салвини, на прес-конференција во Рим вчера доцна попладнето.

„Ако е вистина дека товарот на повисоките камати двојно се зголемен за домаќинствата и фирмите, она што го добиваат сопствениците на тековните сметки сигурно двојно не се зголемило“, наведе Салвини, додавајќи дека постои голем јаз меѓу применетите стапки на кредитите и депозитите.

банка данок депозит италија камата кредит
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Италија го менува својот изборен систем

октомври 9, 2026

Украина ќе добие 841 милион долари буџетска поддршка од Светската банка со канадски гаранции

септември 15, 2026

Италија под топлотен бран кој почнува од денеска, се очекува да трае до 20 јули

јули 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.