Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје го одби барањето и на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков да му биде вратен неговиот пасош.
Против ова решение, странките имаат право на жалба во рок од три дена до Апелациониот суд – Скопје.
Судот вчера го одби барањето на поранешниот премиер Никола Груевски кој заедно со Мијалков и неговиот шеф на кабинет, Тони Јакимовски бараа да им бидат укинати мерките за претпазливост.
Мијалков е обвинет во неколку случаи што ги отвори Сецијалното јавно обвинителство, а мерки за претпазливост му беа одредени како обвинет за случајот „Тврдина – таргет“.







