Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » И на Исток и на Запад и кај нас ништо ново
Коментар

И на Исток и на Запад и кај нас ништо ново

април 4, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кој за што, Бугарите на избори. Петти пат за две години. Резултатот горе-долу ист. Граѓаните не избраа стабилна влада. Нема крај на политичката криза во Бугарија. Собранието останува блокирано. Победничките партии на поранешните премиери Бојко Борисов и Кирил Петков не можат да коалицираат бидејќи разликите се непремостливи. На повидок се веќе годинава, во октомври, шести по ред парламентарни избори.

Со, најверојатно,техничките влади, како и досега практично продолжува да владее претседателот Румен Радев. Во постизборниот ќорсокак во подготовка се и три референдума, што означува опасна политичка нестабилност. Во Бугарија, во народното Собрание по последните избори има само една коалиција на Кирил Петков и Христо Иванов, која е целосно реформска и прозападно ориенитрана, но далеку е од мнозинство да формира редовна влада. Руската и националистичката ориентација е во подем. Бугарите не сакаат да ја решат бугарската рашомонијада. Очигледно на голем број граѓани им е преку глава од јаловите резултати на промените кои само ја потврдуваат кризата. На последните избори излегоа одвај 40,5 отсто од гласачите. Бугарските аналитичари велат дека гласаат во најголем дел тврдите гласачки јадра.

Разликата помеѓу европеизација и членство во ЕУ

Бугарија во демократската практика докажува колку е голема разликата помеѓу европеизација на посткомунистичките општетства и членството во ЕУ. Демократското зреење и историскиот процес на европеизација, со други зборови – како од Балканец се станува Европеец, нема ништо заедничко со влез во ЕУ на мала врата. За првото се потребни генерации и децении, а за второто протекција за незаслужена оценка од интерес на големите сили.

Во Црна Гора, по 30 години, на избори „падна“ претседателот Мило Ѓукановиќ. Личност која одбележа цела една ера од 30 години во политиката, постојано на врвот, неприкосновен и кога не е таму. Некои тоа во Подгорица и во Белград го дочекаа со олеснување, убедени дека тоа е вистинското решение. Тоа што не му успеа на српскиот вожд Слободан Милошевиќ со силен притисок и блокади на Црна Гора на патот на независноста, му успеа на Алаксандар Вучиќ со една многу поинаква пропаганда и силно влијание .

Во Црна Гора победи новото политичко движење „Европа сега“, на чело со оксфордскиот магистер, американски, британски и австриски стипендист, малку познат надвор од Црна Гора, Јаков Милатовиќ.Колку овој избор е прозападен и европски, а колку просрпски и националистички, ќе се види многу бргу на наредните парламентарани избори што ќе се одржат годинава во јуни.

Ќе оди ли Црна Гора и натаму кон ЕУ со членството во НАТО и веќе започнатите пореговори, или повторно ќе биде монета за поткусурување како надомест за остапките на Србија за Косово, Црногорците ќе дознаат по мамурлакот од големата победа. Ќе им треба извесно време да го дознаат придонесот на Мило Ѓукановиќ, кој според некои оценки на германските и австриски весници е вистинскиот пропазападен црногорски политички лидер.

И Ѓукановиќ ќе има доволно време во политичката пензија да се соочи со високата цена на долгото владеење и со неминовните грешки што одат заедно со тоа.

Во Србија, исто така, на повидок се референдуми и избори и силни политички превирања. Претседателот Александар Вучиќ, кој јаваше на бранот „недамо Косово“ сега ја трасира брзата пруга за влез во ЕУ сведувајќи ги барањата за заштита на Србите на Косово. Опозициските партии под влијание на Кремљ очекуваат Вучиќ да падне на европскиот пат токму на Косово. Додека пак неговите политички противници орентирани кон ЕУ сѐ уште не можат да го сфатат пресвртот на претседателот Вучиќ и неговата партија. Тие остануваат на платформата дека членството во ЕУ е најзначајната стратегиска определба за иднината на Србија, но дека тоа не смее да се случи со водство на Вучиќ, свесни дека тие тоа не можат да го направат, па главно ламентиираат на тоа зошто тоа не е направено порано.

 

Револуционерна партија во европско општество?!

Што се случува во Македонија? Исто што и на Исток и на Запад од нас, центарот на светот. Ништо ново. Избори па избори, како единствено решение за остварување на најзначајните стратегиски државни интереси. Не за промена на свеста, туку промена на власта. Не за промена на Уставот, не за влез на Бугарите во Уставот, туку преговори и влез во ЕУ со одложување на преговорите. Не е важно што тоа е невозможно, важно е и убаво е тоа да се проповеда и чуе. Што повеќе укажувања и аргументи, толку полошо по аргументите и по тие што ни укажуваат најдобронамерно. Тоа станува само доказ за светскиот заговор против Македонија.

Ништо не вредат фактите дека сите заложби и определби на политичките партии и на мнозинството граѓани, на сите влади и парламентарни состави, на сите декларации и резолуции, ратификувани договори во Парламентот, сите развојни документи и национални страгегии се за членство во ЕУ и во НАТО. Тоа се безвредни хартии во споредба со избори и освојување на власта. Во суштина тоа е уште еден силен доказ дека определбата за прозападната припадност и евроатланските интеграции кај најголемите опозициски партии е лажна. Тие, вака поставени, стануваат нерелевантни и безначајни со секој чекор поблиску кон членството во ЕУ. Каква е смислата на постоење на револуционерна анахрона политичка партија во демократско европско општество?!

Сѐ она за што толку жестоко се залагаат сите политички партии и академски и деловни средини е содржано во преговорите со ЕУ и во реформските зафати – и борбата против организираниот криминал и корупција и демократизацијата на Македонија, и образобванитето, науката, културата, побрзиот економски развој, инфраструктурата, јавната администрација, стандардот на граѓаните, квалитетот на животот, здравството, екологијата, земјоделството… За сето тоа да оствари за да се стаса до членството во ЕУ, според сите проценки и укажувања, се потребни најмалку осум до десет години. Значи, има доволно време конечно да почне тој партиски натпревар – кој подобро и побрзо ќе ги спроведува реформите. Има многу работа за сите кои вистински сакаат Македонија да ги оствари своите најзначајни интереси.

Според придонесот кон досегашните исчекори сочленството во НАТО,склучените договори со соседите, изгласани од народните избраници во Собранието, отпочнатите преговори со ЕУ и со определбата за уставните промени и влез на Бугарите во Уставот, сосема јасно се изразени и видливи поделби во македонското општество околу тоа кој за што е. Флоскулата и ние сме за ЕУ и со прозападна ориентација, но не под овие услови е дегутантна и лажна бидејќи не се кажуваат кои се тие други подобри услови кои ги отвораат вратите на ЕУ. И конечно, зошто не се кажуваат кои се тие подобри и побезболни бескомпромисни алтернативи? Ги нема ни проценките на опозициските лидери што ќе се случи со Македонија, дводеценискиот кандидато за членство во ЕУ, ако и во наредните 20 години се чекаат подобри решенија и алтернативи.

Ерол Ризаов

Извор: Дв

ерол ризаов
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ЗНМ за заканите упатени кон Ризаов: Загрижува што дел од коментарите содржат повици за негово физичко елиминирање и смрт

август 10, 2026

Даниловски: Случајот во Гостивар не смее да се сведе само на вина на поединци

јули 21, 2026

Пановски: Да се знаат резултатите за водата во Гостивар и да се молчи е кривично дело

јули 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.