Роботот Фабио кој беше тестиран во маркет во Единбург, каде што на купувачите им нудеше бесплатни примероци на храна и им пружаше информации за производите, доби отказ после само една недела.
Иако Фабио се трудел, ги збунувал купувачите и им давал погрешни информации, пишува шкотското издание на „Хералд“.
Луиза Марџот, водач на одделот за маркетинг во ланецот продавници „Марџот“, изјавила дека и се чинело дека купувачите уживаат во комуникацијата со Фабио, но дека тие разговори не секогаш се одвивале добро.
На пример, Фабио не можел да се движи во маркетот ниту да ги насочи купувачите на производите кои тие ги барале.
Наместо тоа само им давал општи упатства, на пример, „сирењето е во фрижидерот, што не беше од некоја корист“, напоменала Марџот.
Др. Оливер Лемон од Универзитетот Хериот-Ват, чии научници го развиле Фабио, вели дека тој робот бил само прототип и дека истата технологија би можела да се користи за аеродроми и болници.










