Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » И Шпанија и Шведска ќе протераат руски дипломати
Европа

И Шпанија и Шведска ќе протераат руски дипломати

април 5, 2022Updated:април 5, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Шпанија ќе протера околу 25 руски дипломати, изјави денеска шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, додека Шведска ќе протера тројца дипломати под обвинение за шпионажа, придружувајќи им се на другите земји од Европската унија во својот одговор на наводните воени злосторства на руските војници во Украина.

„Одлучивме да ги протераме руските дипломати и персоналот на руската амбасада во Шпанија кои претставуваат закана за интересите и безбедноста на нашата земја“, рече Албарес после неделниот владин состанок, а не исклучува и други мерки.

Министерот додаде дека протерувањата се, исто така, одговор на „ужасните дела извршени во изминатите денови во Украина, особено во Буча, како и на оние кои денеска пријавени од Мариупол“, мислејќи на откривањето на масовна гробница и убивањето цивили во украинскиот град Буча.

„Злосторствата не смеат да останат неказнети“, рече тој.

Албарес напомена дека неговата влада очекува Русија да протера сличен број шпански дипломати како одговор.

Тој, меѓутоа, истакна дека Шпанија нема да го протера рускиот амбасадор бидејќи Мадрид сака да го задржи својот амбасадор во Москва и да ги остави отворени дипломатските канали за разговори со Русија за завршување на војната.

Шведска ќе протера тројца руски дипломати поради шпионажа, изјави денеска напладне министерката за надворешни работи Ен Линде, придружувајќи им се на тој начин на другите европски земји кои протераа руски дипломати во последните денови.

„Причината е што тие не ја следат Виенската конвенција и што преземаат незаконски операции за собирање разузнавачки информации“, им рече Линде на новинарите.

Франција, Белгија и Холандија неодамна протераа руски дипломати поради наводни шпионски активности. Потезите се совпаѓаат со бесот низ целиот континент поради извештаите за откривање на масовни гробници и убиства на цивили во украинскиот град Буча по повлекувањето на руските трупи, за кои Русија вели дека спроведуваат специјална операција во Украина.

„Очигледно е дека се извршени воени злосторства“, рече Линде.

Кремљ, пак, негира какви било обвиненија поврзани со убиства на цивили, вклучително и во Буча.

Американскиот претседател Џо Бајден повика на рускиот претседател Владимир Путин да му се суди за воени злосторства, а Вашингтон ќе побара од Генералното собрание на ОН да ја суспендира Русија од Советот за човекови права.

Русија започна инвазија против Украина на 24 февруари, велејќи дека целта е демилитаризација на соседната земја. Украина и Западот тврдат дека инвазијата е нелегална и неоправдана.

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)

актуелно Буча инвазија мариупол русија Украина шведска Шпанија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.