– Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на Општина Центар изрече вкупно 175 мерки, меѓу кои 16 за возење без возачка дозвола.
Како што соопштија денеска од МВР, 12 санкции се изречени за нерегистрирани возила, девет за користење мобилен телефон, додека 13 се мерки за управување под дејство на алкохол и 23 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли, најавуваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.