Започна многу одамна со вадење бисери од морските длабочини, а со продажбата на нафта и природен гас, соништата на луѓето од Катар станаа стварност кога истражувањата покажаа дека оваа земја е втор најголем извор на нафта во светот. Кој нема скоро да пресуши.
Третото најбогато кралство (емират) на планетата во 2010 година застана во редот за организација на Мундијалот во 2022 година. Кога тогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го извади од пликот името на оваа земја од Персискиот залив, многумина не веруваа дека нешто добро ќе се случи овде. А, се случи…
Светското првенство ги одбројува последните денови до големото финале на 18 декември на стадионот „Лусаил“, еден од осумте лоцирани во радиус од 50 километри. Кој имаше пари и среќа, можеше да присуствуваат на три натпревари на ден. И кога сме веќе кај парите... Во Катар тоа не е некоја премногу голема тема. Затоа што парите не се проблем. Пари има. Многу!
Неучтиво е да се праша емирот, Тамин бин Хамад, колку е тоа многу, но точните табели велат дека Катар во својата каса годишно собира 335 милијарди долари.
Уште попрецизната пресметка вели дека оваа пребогата арапска земја го организираше досега најскапиот Мундијал, од првиот во Уругвај во 1930 година до денес.
Катарците за оваа фудбалска играчка наречена „Светско првенство“ вложија и без какви било проблеми платија 220 милијарди долари во последните 12 години, кога земјата, која инаку се развива со молскавична брзина, почна да добива облик на планетарно чудо. Затоа што овде повеќето работи припаѓаат на 23, а не на 21 век…
Една од овие работи е, на пример, метрото. Ја поврзува секоја важна точка во Доха и нејзината околина, а таа околина ги вклучува „Лусаил“ на север и „Ал Вакрах“ на југ, како најоддалечени точки каде се играше фудбал. Тоа метро се градеше девет години и чинеше 36 милијарди евра.
Прашањето е дали сликите можат најдобро да докажат за какво чудо на архитектурата, технологијата и одразот на домашното воспитување се работи. Затоа што сè е прецизно, чисто и служи за одредена цел.
На прашањето, како ќе се врати се што е вложено во прескапата инфраструктура, одговорот е едноставен. Засекогаш ќе ги користи населението на Катар и околните земји, а интересно е дека во оваа земја одамна се „половина Индија, Бангладеш и Пакистан“, а можеби уште и „половина Африка“.
На секој чекор има работници од споменатите земји, а приказната за секој од нив е слична на онаа на Џастин. Возач на автобус од Кенија, еден од неколкуте илјади луѓе кои се вработиле само за време на Светското првенство и плата за која можат само да сонуваат во сопствената земја.
„Работам шест часа дневно. Секое утро ме чека бела, испеглана кошула и вратоврска. Дома, во Кенија, имам семејство, две деца кои одат на училиште. Вкупно во Доха ќе поминам три месеци, а од таа плата ќе можеме удобно да живееме една година во Кенија“, раскажува љубезниот Џастин.
За тоа време, богатите домаќини и нивните сопруги, најчесто денот го поминуваат во своите луксузни куќи, во скапи меѓународни училишта, по трговските центри или во лобијата на хотелите со шест, седум, осум, безброј ѕвезди…
Секогаш е, веројатно, така на, со нафта, натопениот песок. Некој работи, а некој мора мора и да се лади.







