Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, лично на рака на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му поднел докази за извршени злоупотреби.
„Документите содржат јасни индиции дека раководни кадри во институциите, за партиско-политички цели ја злоупотребиле службената положба со тоа што влијаеле врз вработените во администрацијата да бидат гласачи на партијата на власт, да одат на партиски митинзи, протести, контрапротести и слично“, изјави Кирацовски по средбата со Спасовски.
Кирацовски, доказите ги добил преку Веб страницата што ја отворил за пријавување злоупотреби во предизборниот период. Според него, станувало збор за сериозни индиции за сторени кривични дела. Тој очекува МВР да постапува по нив.
„Администрацијата се охрабри, не дозволува да биде повеќе инструмент на власта. На овие избори не дозволувам злоупотреба на администрацијата. На 11 декември мора да има слободни и регуларни избори“, истакна Кирацовски.