Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кирацовски: Катица, Камчев, Кичеец ниту ги знам, ниту сакам да ги запознаам
Македонија

Кирацовски: Катица, Камчев, Кичеец ниту ги знам, ниту сакам да ги запознаам

септември 5, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пратеникот Александар Кирацовски по излегувањето од Обвинителството за организиран криминал и корупција каде даваше исказ за случајот „Рекет“ рече дека со обвинителите споделил информации за одредени настани со кои располага, посочувајќи дека Катица, Камчев и Кичеец ниту ги знае, ниту сака да ги запознае.

„Јас сум повикан за еден мал сегмент. Тоа со Камчев, Кичеец, Катица не се дискутираше со мене. Ниту ги знам, ниту ги познавам, ниту сакам да ги запознаам“, рече Кирацовски.

Посочи дека како лице од кое се бараат посебни информации бил во Јавното обвинителство, каде ги споделил сите информации за одредени настани со кои располага.

„Се надевам и убеден сум дека од денес ќе завршат лажните вести, манипулациите, инсинуациите кои според мене нанесоа одредена штета на самата истрага, а нанесоа штета на недолжни луѓе. Се надевам дека од денес ќе преовладуваат само фактите, аргументите и она што е вистина“, изјави Кирацовски.

Изрази уверување дека процесот ќе биде транспарентен и правичен и оти сите оние кои се огрешиле пред законот, ќе одговараат.

Рече дека себеси се смета за недолжен и оти не присуствувал на ниту една средба на која Јовановски се договарал со бизнисмени.

„Не сум ниту член на Меѓународниот сојуз, ниту сум побарал ниту било побарано да станам член, ниту сум обавувал некоја функција“, рече Кирацовски.

Рече дека не знаел оти Јовановски вршел рекет и оти не бил близок со него.

„Ние сме политичари. Многу луѓе бараат од нас да се сликаат. се надевам дека добар дел од нив не го злоупотребуваат тоа, меѓутоа апослутно не сметам дека во овој дел било кој од нас што се сликал со било кого направил злодело“, рече Кирацовски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Кирацовски рече дека како и сите политичари, така и тој гостувал во емисиите на 1ТВ, особено кога бил шеф на Изборнниот штаб на претседателот Стево Пендаровски.

Додаде дека не се препознава по прекарот Кики со кој се поврзуваше во јавноста.

„Не се препознавам под тој псевдоним. Имав средба со Геровски и сакав да проверам дали ме препознава мене или некој друг. Геровски ми призна дека во однос на мене направил фаул“, рече Кирацовски.

За проектот во Битола со старечките домови, рече дека не посредувал.

Исказ за „Рекет“ во Обвинителството, вчера даде и неговата сопартијка Фросина Ременски, а претходно неделава и водителката Лила Филиповска и бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски.

Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

актуелно исказ Кирацовски случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.