Холивудскиот актер Кијану Ривс ќе глуми во рускиот филм за Пипи Долга Чорапа, каде што ќе игра татко на девојчето, изјави денеска продуцентот на филмот на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
Тој прецизираше дека филмот под името „Пипи“, за кој се очекува дека ќе биде завршен во 2019 година нема во потполност да ја следи збиднувањата од книгата на шведската авторка Астрид Линдгрен, но ќе се заснова на нејзиното сиже.
„Кијану Ривс ќе игра една од водечките улоги. Тој е ловец на вештерки“, рече Алексеј Петрухин.
Се чини дека врските на ѕвездата од „Матрикс“ со Русија се развиваат. Кон крајот на мај тој неочекувано отиде во Санкт Петербург да сними дел од романтичниот трилер „Сибир“ на Метју Рос, кој ги воодушеви неговите фанови.







