Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачевски за „Би-Би-Си“: „Преговорите за членство во ЕУ се мачни, но наградата е голема!“
Македонија

Ковачевски за „Би-Би-Си“: „Преговорите за членство во ЕУ се мачни, но наградата е голема!“

октомври 31, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за „Би-Би-Си“ истакна дека Македонија за стартот на преговорите со Европската Унија постигна клучни цели, и за јазикот и за идентитетот.

„Ако сакате да бидете лидер, мора да носите тешки одлуки. Во овие преговори ние имавме неколку цели и ги постигнавме. Прво: чист македонски јазик во ЕУ. Второ: чист македонски идентитет. И почеток на преговорите со ЕУ, што и се случи на 19 јули. Дополнително, направивме историските прашања да бидат надвор од преговарачката рамка“, истакна Ковачевски.

Патем, тој спомена дека историската комисија работи со четиринаесет членови, седум од македонска и седум од бугарска страна, и оти тие носат одлуки само со консензус и тие одлуки може да бидат спроведени на реципроцитетна основа меѓу двете земји. И, дека и тоа е всушност договорот, каде тие, историчарите, ќе се занимаваат со историски прашања.

„Го потпишавме првиот договор со ЕУ, во кој има чист македонски јазик, без фусноти, без објаснувања и уште поважно, во врска со договорот со Фронтекс, Грција и Бугарија, одобрија договор во кој има чист македонски јазик“, рече Ковачевски.

Во однос на ЕУ интеграциите тој напомена дека овој процес беше заглавен уште пред да почне, пред единаесет години, од претходната Влада, зашто тие, смета тој, не биле подготвени да ги поместат, за ниту еден милиметар.

„Тие не донесоа никакви одлуки. Сега ние имаме два концепти во државава. Едниот концепт, кој јас го водам, е дека Македонците и сите други граѓани на Северна Македонија, со кренати глави, со достоинство, треба да седнат на големата маса во Брисел и да го кажат својот став за сите прашања, да преговараат и да станат членови на ЕУ. Другиот концепт е со лажно достоинство, сами, изолирани, во конфликт со соседите, без разговори со ЕУ. Ова ‘седење на мала маса’ го гледавме со години“, изјави премиерот.

Тој е дециден дека сите политички партии имаат одговорност да носат одлуки кои ќе донесат подобра иднина за идните генерации.

„Процесот за членство во Унијата ќе биде тежок, преговорите ќе бидат мачни, свесен сум за тоа, сите граѓани се свесни за тоа, но наградата е таа, членство во ЕУ, бидејќи македонските граѓани сакаат да бидат дел од ЕУ, сакаат да живеат во ЕУ, но во нивната држава тука, а не да ја напуштат нивната земја и да работат во земјите членки на ЕУ“, подвлече Ковачевски и додаде дека најлесно е да се биде политичар кој зборува за минатото, бидејќи кога зборувате за минатото, не ветувате ништо, само играте со емоциите на луѓето, а тешко е да се биде политичар кој зборува за иднината, зашто тогаш давате ветување.

актуелно бугарија димитар ковачевски Европска унија интеграции македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.