Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачевски, Мицотакис, Петков, Вучиќ и Мишел на инаугурација на изградбата на терминалот за течен гас во Александруполи
Економија

Ковачевски, Мицотакис, Петков, Вучиќ и Мишел на инаугурација на изградбата на терминалот за течен гас во Александруполи

мај 3, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во присуство на премиерите на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на Грција, Кирјакос Мицотакис, на Бугарија, Кирил Петков, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска во грчкиот град Александруполи ќе се одржи свечена церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (LNG), јави дописничката на МИА од Атина.

На церемонијата обраќања ќе имаат Ковачевски, Мицотакис, Петков, Вучиќ и Мишел, а веднаш потоа, како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, грчкиот премиер ќе приреди ручек за странските лидери.

Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски, ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

Мицотакис во петокот, за време на владината седница ја најави посетата и ја истакна важноста на конкретниот терминал, за кој рече дека ќе помогне во диверзификација на изворите за снабдување со природен гас, не само за Грција, туку и за регионот.

„Во вторник заедно со други лидери од Балканот ќе бидам во Александруполи на новиот терминал за складирање и гасификација на течен природен гас, многу важен инфраструктурен проект кој во комбинација со други иницијативи, за помалку од 20 месеци ќе ни даде можност целосно да ги диверзифицираме нашите извори за снабдување со природен гас, не само на нашата земја, туку и на целиот Балкански Полуостров, рече Мицотакис.

Како што вчера јави дописничката на МИА од Брисел, Мишел во Александруполи ќе допатува на покана на премиерите на Северна Македонија, Грција и Бугарија и на претседателот на Србија, а за ЕУ проектот за гасоводот е од клучна важност во момент кога главна цел е независност од рускиот гас.

„Проектот ќе понуди нови извори и рути за набавка на природен гас и ќе ја зголеми безбедноста на набавката во Грција, Бугарија и другите земји во регионот, изјавија од кабинетот на Мишел.

За време на учеството на Делфи економскиот форум во Грција минатиот месец, говорејќи за МИА и премиерот Ковачевски и вицепремиерот Битиќи и министерот за финансии Бесими се осврнаа на терминалот во Александруполи, истакнувајќи ја важноста за нашата земја.

Премиерот, тогаш рече дека и интерконекторот со Грција и терминалот за течен природен гас во Александруполи не се само економски проекти, туку се и од стратешко значење и изрази уверување дека набргу ќе почне реализацијата.

„Тоа е проект во којшто учествуваат и Република Грција и Република Бугарија и Република Северна Македонија, а се со цел да се направи диверзификација во снабдувањето со гас, којшто би доаѓал од LNG терминалот во Александруполи. Ние како држава ги донесовме одлуките прво за закуп на количини во терминалот за потребите на ЕСМ, а исто така и НЕР веќе работи на договор за реализација на интерконекторот со Грција преку којшто практично гасот би доаѓал до нашата држава, објасни Ковачевски за МИА минатиот месец.

Вицепремиерот Битиќи и министерот за финансии Бесими, тогаш истакнаа дека терминалот ќе помогне за поголема енергетска независност на земјата.

„Без разлика што некогаш некој сакаше да каже дека е погрешен чекор, јас верував и моите колеги веруваа дека тоа е исправен чекор и денеска се покажува дека навистина е исправен чекор, затоа што можеме да бидеме сигурни дека следните 15 години имаме осигурано гас од друг извор, секогаш е добро да имате два извора наспроти само еден, како што имавме изминативе 30 години, рече Битиќи.

 

 

ИЗВОР: МИА

 

актуелно изградба инаугурација терминал
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.