Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачевски од Прилеп: Вложуваме над една милијарда денари за капитални проекти во образованието во 2022 година
Македонија

Ковачевски од Прилеп: Вложуваме над една милијарда денари за капитални проекти во образованието во 2022 година

јануари 31, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Димитар Ковачевски, во придружба на министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска ја посетија гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп.

Пречекан од домаќините директорот на гимназија „Мирче Ацев“, Димче Настоски, градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовески, претседавачот на Советот на Oпштината Дејан Проданоски, како и на претставници на наставничкиот совет, ученичкиот парламент и родителскиот совет, премиерот Ковачевски и министерот Шаќири направија увид во резултатите од капиталните инвестиции на Владата од изминативе години.

Со оваа посета, пред стартот на второто полугодие, Ковачевски ја пушти во употреба реконструираната гимназија „Мирче Ацев“, гордоста на образованието во Прилеп во која почетокот на наставата започнала на 1 февруари 1945 година, односно на утрешниот ден пред 77 години.

Директорот на гимназијата Настески ги информираше присутните, дека посетата на премиерот Ковачевски е прва посета на премиер во 80 години постоење на средното училиште.

Денес зградата на гимназијата е целосно реконструирана и енергетски ефикасна со четири нови простории, а изведени се и сите потребни услови за учениците со попреченост, а преку проект од Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедена е нова котлара за самостојно затоплување на објектот.

„Со сите овие зафати, гимназијата „Мирче Ацев“ станува современ образовен објект кој успешно ја продолжува традицијата на средното образование во Прилеп. Инвестициите во образовните објекти во Прилеп, како и во десетици објекти низ земјата, се реализирани со над една милијарда денари во 2021 година. Тоа се за два ипол пати повеќе средства од претходната 2020 година“, истакна Ковачевски во изјавата за медиумите за време на посетата на образовните институции во Прилеп.

Ковачевски додаде дека работите на реконструкцијата на гимназијата „Мирче Ацев“, како и училишната зграда „Кире Гавриловски – Јане“ со спортската сала која е изградена за прв пат во овие 60 години, се извршени за време на првите бранови на пандемијата кога учениците мораа да посетуваат онлајн настава, за да се создадат подобри услови за образованието на учениците.

Тоа потврдува, рече премиерот Ковачевски, дека оваа Влада силно се заложи да обезбедува квалитетни услови за образование, но и енергетски ефикасни објекти кои штедат енергија и ја чуваат животната средина.

Со честитките за успешно реконструираните образовни објекти во Прилеп, премиерот Ковачевски им посака успех во реализацијата на наставната програма во второто полугодие од оваа учебна година и нагласи дека Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат со ваквиот влог и во 2022 година за што исто така се обезбедени над една милијарда денари буџетски средства, како инвестиции во човечкиот капитал, во децата, во младите, во нашата сегашност и иднина.

актуелно ковачевски Прилеп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.