Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачевски: Со новите социјални станови во Виница, обезбедуваме пристоен живот и еднакви права за сите граѓани
Економија

Ковачевски: Со новите социјални станови во Виница, обезбедуваме пристоен живот и еднакви права за сите граѓани

јуни 21, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Денес, ја делиме среќата со 28 семејства од Виница кои започнуваат да живеат во нов дом и започнуваат ново поглавје во своите животи. Денес, наши сограѓани, добиваат нови домови каде ќе ја градат својата иднина и ќе ги реализираат своите соништа. Нивната радост е и наша радост, бидејќи ги исполнуваме очекувањата на граѓаните преку нашите политики, градејќи квалитетен живот за сите, насекаде низ нашата држава”, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, кој заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска присуствуваше и се обрати на денешниот настан во Виница, каде се доделија клучеви од социјални станови на 28 семејства.

Премиерот Ковачевски истакна дека oваа Влада е посветена да реализира проекти од животна важност и промоција на пристапот на еднакви права за сите со фокус на ранливите групи, за кои е предвидено изградба на социјални станови низ целата држава преку Програмата за ранливите категории на граѓани.

„Овде, во Виница, инвестираме над 1,2 милиони евра во овој нов објект. Становите се со површина од 36 до 50 квадратни метри и се наменети за деца над 18 години без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост, социјално загрозени како и самохрани родители со малолетни деца. Обезбедуваме пристоен живот и достоинство бидејќи секој човек е важен”, изјави премиерот Ковачевски.

Тој истакна дека оваа Влада се грижи за рамномерен регионален развој.

„Во изминатите 4 години се изградени и во фаза на изградба се над 860 социјални станови. Само за споредба, од 2011 до 2016 година се изградени 600 станови. Од 2017 година досега се доделени станови во Струмица, Гостивар, Македонски Брод и Пробиштип. Денеска сме тука во Виница, а следни се и градовите Свети Николе, Демир Капија, Гевгелија. Завршени се социјалните станови во Неготино и во Велес а во тек се финалните градби во Дебар, Бутел и Кочани. Во Демир Капија се очекува становите да се распределат наскоро, а во тек се и огласите за распределба на социјални станови во Гевгелија”, рече премиерот Ковачевски, додавајќи дека Владата гради силно кохезивно општество во кое секој се чувствува како дома.

Посочувајќи ги мерките кои Владата ги презема во социјалната сфера, премиерот Ковачевски истакна:

„За оваа година во Буџетот на Министерството за труд и социјална политика обезбедивме 5,5 милиони евра повеќе од лани за социјални услуги. Преку Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани, за справување со енергетската криза обезбедивме по 3.000 денари месечно за нив. Ја зголемивме социјалната помош во изминатите неколку години за над 300 проценти! Со системски решенија и антикризни мерки, успеавме да ги зголемиме минималната и просечната плата на историски највисоко ниво и 80.000 граѓани ги извлековме над прагот на сиромаштијата. Покажавме одговорно однесување во услови на криза и обезбедивме услови за континуиран раст на платите” истакна премиерот Ковачевски, додавајќи дека невработеноста е намалена за 8 проценти, а истовремено, вработеноста е зголемена за 9,5 проценти.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски изјави:

„Денеска овој ден е среќен за сите. Среќен е за вас бидејќи започнувате ново поглавје во животот, во нов дом каде веруваме дека надежта за поспокоен и подобар живот како наша цел ја исполнивме за вас. Верувајте дека и ние сме исполнети кога гледаме среќни и задоволни семејства, кога ваквите политики и инвестиции даваат резултат, и искрено драго ми е што токму граѓаните директно ги чувствуваат придобивките и бенефитите. Нашето заедничко присуство со премиерот силно покажува дека Владата е тука за граѓаните, даваме силна поддршка за проекти кои обезбедуваат подобри услови за живеење на сите граѓани”, рече министерот Бочварски, кој на семејствата им посака во добро здравје да имаат уште многу вакви среќни моменти во нивните нови домови.

актуелно виница ковачевски социјални станови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.