Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачевски: Со „One-stop-shop” до ефикасна и конкурентна економија, брз проток на луѓе, забрзан економски раст и развој
Македонија

Ковачевски: Со „One-stop-shop” до ефикасна и конкурентна економија, брз проток на луѓе, забрзан економски раст и развој

јули 31, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, денеска, на заеднички настан го пуштија во употреба концептот „One-stop-shop“, заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане. На настанот на кој присуствуваа министри во двете влади, пратеници, како и највисоки претставници на институциите за царинско управување на двете земји, се обратија премиерите Ковачевски и Рама, како и вицепремиерите Груби и Балуку.

Во своето обраќање, премиерот Ковачевски ги истакна конкретните чекори од страна на двете влади, во насока на поврзување на граѓаните и на економиите на двете земји. Премиерот Ковачевски истакна дека проектот „One-stop-shop” е уште една потврда за заложбите на Владата на Северна Македонија и Владата на Албанија за зајакнување на економските процеси, олеснување на царинските процедури, слободниот проток на луѓе и капитал не само меѓу нашите две земји, туку и меѓу земјите на Западен Балкан.

„Денес овозможуваме побрз проток на нашите граѓани, помеѓу двете држави и побрз проток на компаниите кои што транспортираат производи на најголемиот граничен премин помеѓу двете држави. Овозможувањето на проток на луѓе и капитал истовремено ги зголемува и врските помеѓу луѓето, комуникацијата помеѓу луѓето. Го зголемува и дружењето помеѓу луѓето, нешто што цел половина век фалеше помеѓу Албанија и во тоа време Македонија. Денес сето тоа е минато и денес ние претставуваме пример како треба да се однесуваат две соседни држави. Со ова се олеснува работата на 11 илјади компании од нашата држава кои се ориентирани кон извоз, кои се ориентирани кон трговија со други држави. На овој начин означуваме полесен пристап до пристаништата во Албанија. На овој начин овозможуваме полесен пристап и до туристичките места во Албанија, меѓутоа и до туристичките места во Северна Македонија. Најубавите се тука токму на неколку километри од овој граничен премин“, рече премиерот Ковачевски.

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во своето обраќање  најави дека по денешниот успешен проект, Владата ќе продолжи со активности и на другите гранични премини.

„Нема ништо поубаво од отстранувањето на бариерите и границите помеѓу нас, и ова го правиме заедно. Ова ме прави многу среќен. Овој граничен премин работи неколку дена, а ми пишуваат граѓани од нашите две земји, ми се јавуваат на телефон, од задоволство што меѓу нас нема граница, сега има само една контрола, а се надеваат дека наскоро и тие единечните контроли кои ги имаме меѓу нас, ќе ги отстраниме. Искажувам благодарност до властите во Република Албанија, бидејќи не поминаа ниту три недели од посетата на премиерот Еди Рама на Скопје, кога заедно се обврзавме дека ќе го реализираме заедничкиот граничен премин со Република Албанија во Ќафасан и сега за помалку од три недели ова е реалност. Нема да застанеме тука! Сите наши граници мора да имаат „One-stop-shop”, како пред-акт до отстранување засекогаш на границите помеѓу нас“, изјави Груби.

Добрососедските односи поттикнаа повеќе процеси кои донесоа повеќе придобивки од непосреден интерес на граѓаните во регионот. Северна Македонија и Албанија не се само две пријателски земји, двете држави негуваат одлични политички односи и споделуваат исти надворешно-политички приоритети и цели.

актуелно брз проток економија ковачевски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.