Минхенски Баерн со нов тренер ќе влезе во продолжението на сезоната. Иако германските медиуми во текот на денов објавија дека Нико Ковач ја „преживеа петардата“ од Ајнтрахт во Франкфурт и дека ќе мѕ се суди после Олимпијакос во Лигата на шампиони и Борусија од Дортмунд, вечерва германскиот гигант објави дека му дава отказ на грватскиот стратег.
Ули Хенес, Карл Хајнц Румениге и Хасан Салихамиџиќ се состанаа со Ковач и ги прецизираа деталите за раскин на договорот. Одлуката ја образложи Румениге.
„Играта на нашата екипа во изминативе неколку недели и резултатите од неа ни покажаа дека ни е потребна итна реакција. Ули, Хасан и јас одржавме сериозен разговор со Нико врз основа на вчерашното издание и резултатот е дека Нико повеќе не е тренер на Баерн. Жал ни е заради ваквиот резултат. Сакам да му се заблагодарам на Ковач во името на Баерн за се што направи во изминатиот период, посебно на освоената двојна круна“, рече Румениге.







