Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » КОВИД, ВАКЦИНИ, СМРТТА НА ДАЈАНА, УБИСТВОТО НА КЕНЕДИ… : Расте бројот на теориите на заговор
Автор

КОВИД, ВАКЦИНИ, СМРТТА НА ДАЈАНА, УБИСТВОТО НА КЕНЕДИ… : Расте бројот на теориите на заговор

август 15, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Истражувањата на јавното мислење во повеќе земји покажаа дека во последните години има „златно доба на ширење теории на заговор“. Како што објави „Гардијан“ во јуни, дури четвртина од Британците веруваат дека „Ковид-19“ е веројатно или дефинитивно измама. И Балканот е плодна почва за ширење на теории на заговор. Околу 36 отсто од испитаниците од едно неодамна направено истражување сметаат дека Ковидот е „намерно произведен и намерно проширен за светските сили да имаат политичка или економска корист од тоа“.

Сепак, некои научници тврдат дека теориите на заговор не се во пораст, ниту дека луѓето се повеќе наклонети кон нив отколку во минатото.

На пример, една студија на американски научници објавена минатата година во списанието „Плас Уан“ (Plos One) покажа дека меѓу 1966 и 2020 година немало значително зголемување на верувањето во најраспространетите теории на заговор во САД.

Што се теории на заговор?

Според Википедија, теоријата на заговор претставува обид да се објасни крајната причина за некој настан како таен и обично некаком матен план на тајно здружение на моќни луѓе.

Теориите на заговор лесно се шират бидејќи тие често нудат навидум логично објаснување за тешко разбирливи настани или ситуации и даваат лажно чувство на контрола и делување.

Сите теории на заговор ги имаат следните заеднички елементи: постоење на наводен, таен план и група заговорници, „докази“ кои навидум ја потврдуваат теоријата на заговор, неосновани тврдења дека ништо не се случува без причина и дека не постојат случајности; ништо не е онака како што се чини и се е поврзано, поделбата на светот на добро и зло, обвинување на поединци и групи…

Теориите на заговор често целат кон цела група која се смета за непријател и виновник за реални или замислени закани и истата ја дискриминираат.

Кои се најстари теории на заговор?

Една од најстарите датира од времето на омразениот римски император Нерон и пожарот кој во 64 година од нашата ера го зафати Рим. Помогнат од ветрот, пожарот траел речиси една недела и го претворил Рим во пекол. Поголемиот дел од Рим бил уништен, а многу луѓе загинале или останале без дом. Царот Нерон не бил во градот кога избувнал пожарот, но се вратил во Рим за да организира помош за жртвите. Отприлика во исто време, почнале да се шират теории на заговор според кои Нерон намерно го предизвикал пожарот за повторно да го изгради Рим според сопствената визија.

Според една теорија на заговор, Нерон дури пеел додека Рим горел. Но, кога слушнал за овие приказни, Нерон го нашол виновникот во христијанската заедница во Рим, заради што многу нејзини членови биле сурово убиени.

Низ историјата, Евреите биле предмет на многу теории на заговор: лажно биле обвинувани за болести, војни, економски кризи и други несреќи.

Една од распространетите такви теории е дека нацистите не убиле, масовно и систематски, милиони европски Евреи, туку дека се е измислица и дека тоа е само еврејска пропаганда.

Која е најпознатата теорија на заговор во светот?

Некои теории на заговор добија „светска популарност“, а некои се поврзани со одредени земји или средини. Една од глобално распространетите теории е таа дека американските астронаути никогаш не слетале на Месечината, туку дека слетувањето било снимено во студио.

Тврдењето меѓу првите го изнесе во 1976 година Бил Кајсинг, во книгата „Никогаш не отидовме на Месечината: Американска измама од триесет милијарди долари“.

Британскиот научник д-р Дејвид Роберт Грајмс, од Универзитетот „Оксфорд“, во 2016 година во списанието „Плас Уан“ објави математичка равенка со која е можно да се тестира веројатноста на некоја теорија на заговор. „Колку поголем број луѓе се вклучени во заговорот, толку пократко тоа ќе се чува во тајност“, заклучи Грајмс.

Во проектот „Аполо“, кој во јули 1969 година на Месечината резултираше со историскиот „мал чекор за човекот, но огромен за човештвото“ на американскиот астронаут Нил Армстронг. Доколку сето ова беше режирано во студио, тајната не можеше да се чува подолго од 3,7 години.

Зошто луѓето се склони кон теории на заговор?

Теориите на заговор често се раѓаат поради сомневање. Се поставува прашањето кој има корист од настанот или ситуацијата и така се идентификуваат заговорниците. Секој „доказ“ потоа на сила се вклопува во теоријата.

Теориите на заговор се стари колку и човечкото општество, а во времиња кога заедниците биле мали и ранливи, чувањето скриени сплетки веројатно било прашање на личен опстанок, тврдат некои научници.

Германскиот филозоф Теодор Адорно и американскиот историчар Ричард Хофштатер ги идентификуваа верувањата за заговор и паранојата како централни елементи на политичките движења.

Психолозите од Универзитетот Јеил, Филип Корлет и Правен Сутахаран, открија интересна врска помеѓу луѓето кои имаат параноични мисли и оние кои веруваат во теории на заговор.

Тие открија дека параноичните луѓе често ги поддржуваат теориите на заговор за носење маски и потенцијални вакцини, како и теориите на заговор што ги шири движењето „КуАнон“ (QAnon). Да потсетиме, тие преку Интернет ја раширија „тезата“ дека меѓународна педофилска елита киднапира и злоставува деца за, од нивната крв, да добие лек за подмладување.

Понатаму, тврдат дека тајна влада, т.н „Дип Стејт“ (Deep State) зад кулисите ја води политиката на САД, но и на целиот свет, и дека на страната на „добрите“ е поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Во студија објавена во 2020 година во списанието „Журнал на личноста“ (Journal of Personality), д-р Шауна Боус и нејзините колеги идентификуваа некои заеднички карактеристики на луѓето склони кон теории на заговор како што се егоцентрирана импулсивност, ладнокрвност, покачени нивоа на депресивно расположение и анксиозност и психотицизам.

Како да се борите против теориите на заговор?

Повеќето луѓе шират теории на заговор затоа што навистина веруваат во нив, но други безобразно ги користат за да му наштетат на општеството. Некои теории на заговор се многу опасни.

Се проценува дека тврдењето дека ХИВ не е причина за СИДА-та, што го пропагираа и некои познати научници како еволутивниот биолог Лин Маргулис, резултираше со смрт на повеќе од 330.000 луѓе во Јужноафриканската Република.

„Теориите на заговор, како што е невистинитото уверување дека вакцините против корона вирусот се начин за имплантација на микрочипови, можат да влијаат на здравјето на луѓето или да доведат до асоцијално однесување“, изјави за „Њу Сиентис“, Сиан О’Махони од Универзитетот „Корк“ во Ирска.

О’Махони и неговите колеги неодамна анализираа 25 студии кои се занимавале со методи за сузбивање на теориите на заговор.

„Методите како што се изнесување на рационални контрааргументи, исмејување или означување на теориите на заговор како такви, не се ефикасни во спротивставувањето и на специфичните теории на заговор и на општата тенденција на луѓето да веруваат во нив“, велат О’Махони и неговите колеги во трудот објавен оваа пролет во „Плас Уан“.

Научниците сфатија дека најефикасен во борбата против теориите на заговор бил тримесечен едукативен курс за разликување на научни и псевдонаучни практики.

 

Топ листа на теории на заговор:

  1. Човечкото слетување на Месечината
  2. 2. Смртта на принцезата Дијана
  3. 3. Убиството на Џон Ф. Кенеди
  4. Нападот на САД на 11 септември 2011 година
  5. Земјата е рамна плоча
  6. Климатските промени се измама
  7. Со светот владеат влекачи
  8. Фармацевтската индустрија намерно го крие лекот за рак
  9. Ковид-19 и 5Г мрежата
  10. Вакцините се штетни бидејќи предизвикуваат аутизам
актуелно вакцини заговор измама ковид месечина параноја теорија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.