Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Коѕијас: Бугарскиот шовинизам создава проблеми во регионот
СВЕТ

Коѕијас: Бугарскиот шовинизам создава проблеми во регионот

декември 2, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сериозен проблем се создаде во нашиот регион, поради шовинистичкото откопување на македонското прашање од радикалните националисти од Бугарија, пишува поранешниот министер за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас на почетокот од неговата колумна за „Независната балканска новинска агенција“ и објаснува дека „станува збор или за јасни радикални десничари како што е актуелниот министер за одбрана и за некои други бугарски политичари што сакаат да ги поддржат нивната предизборна битка и нивните лични стратегии“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во колумната под наслов „Ставот на бугарскиот шовинизам во македонското прашање“, поранешниот шеф на грчката дипломатија, професор по меѓународни односи и член на движењето „Прато“, Никос Коѕијас пишува за бугарското вето, ги анализира, но и ги критикува барањата и позициите на Софија, а ги коментира и ставовите на дел од грчките десничари и радикални десничари.

Истакнува дека со Договорот од Преспа, Грција се ослободи од проблемот, а денес „про-турски ориентираните во Бугарија сметаат дека од договорот, загубиле дел од нивниот „шовинистички наратив“ и „како втор бељаџија во регионот, поставуваат два нови предуслови за европскиот тек на Северна Македонија“

Коѕијас пишува дека првиот предуслов е „Северномакедонците да прифатат дека се Бугари“ и коментира дека Бугарија „ја нема сфатено етногенезата, во текот на 20-от век, на нов словенски народ, Славомакедонците“.

Коментира дека наспроти историските разврски и реалноста „бугарските шовинисти живеат вон време и простор и во ерата на Комунистичката интернационала“.

-Игнорирајќи ја историската реалност, шовинизмот што произлегува од мрачните години на бугарската окупација, сака Славомакедонците повторно да ги именува Бугари. Останат е во ерата на крвно- генетските определувања на нациите и не сфаќа дека нациите денес се културно-политички субјекти со конкретни права во однос на нивните институционални системи. Нема разбрано дека огромното мнозинство на Славомакедонците и уште повеќе секој Албанец од Северна Македонија или Влав со грчка свест, никогаш не би прифатиле да се сметаат за Бугари, објаснува поранешниот шеф на грчката дипломатија и професор.

Во однос „другото барање на бугарскиот шовинизам“, односно јазикот, Коѕијас пишува дека Бугарија тврди дека „славомакедонскиот јазик не е независен јазик, туку е бугарски“.

-И во однос на ова, нашите пријатели Бугарите заостанаа многу. Јазиците и народите со текот на времето се обликуваат и диференцираат. Никој денес не спори дека австриската нација е засебна нација од германската, или дека скандинавските нации (Данска, Шведска и Норвешка) денес имаат три различни јазици и покрај нивното заедничко скандинавско потекло. Нешто што речиси идентично важи и за словенските јазици, истакнува Коѕијас, пренесе МИА.

Вели дека прашањето е тоа што некои во Бугарија со покажување лажна величина „од средновековен тип, посакуваат да создадат нови прашања на Балканот и на европскиот пат на Северна Македонија“, објаснува дека темите кои ги решава животот и/или научното истражување и консултации, не можат да бидат наметнати со претседателски декрети и акти на мирна надворешна политика“.

– Прашањето е исто така дека некои од грчка страна, наместо да ја поддржат Северна Македонија, наместо да се спротивстават на големиот бугарски шовинизам што толку скапо го платија и грчкиот народ и на грчката почва, заслепени од нивниот анти-Преспа гнев, ја поддржуваат политиката што нашите Македономахи ( борци за Македонија) ја уништија политички и воено пред 120 години, пишува Коѕијас во колумната објавена од „Независната балканска новинска агенција“.

актуелно бугарски Коѕијас проблем регион шовинизам
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.