Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Коѕијас: Се надевам дека сѐ ќе биде во ред со Договорот од Преспа
Македонија

Коѕијас: Се надевам дека сѐ ќе биде во ред со Договорот од Преспа

октомври 19, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Се надевам дека ќе биде сѐ во ред со Договорот од Преспа, бидејќи во спротивно оние кои веруваат во лесни решенија ќе видат колку потешки можат да станат работите, рече доцна синоќа поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, по завршувањето на состанокот на политичкиот секретаријат на неговото движење на идеи и активности Прато.

„Склучивме договор со поранешната југословенска Република и јас станав поранешен министер“, рече на шега Коѕијас кусо пред почетокот на состанокот, коментирајќи ја неговата оставка.

Меѓутоа по завршувањето тој пред медиумите објасни дека лично смета дека оставката е чесна мерка и истакна дека навредите упатени кон него лично и „врз одговорноста на еден политичар да си поднесе оставка кога има различни мислења“ покренуваат прашања.

Коѕијас рече дека според него, зад навредите и навредувачите „постојат интереси, но постои и неморалност“.

„Побарајте од премиерот на земјата да ја објави мојата оставка што е на девет страници и доколку премиерот сака нека се објави. Но, да постои оставка што објаснува поради кои причини си поднесувам оставка и да велат дека е несфатлива. Тоа е несфатливо“, рече Коѕијас.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија истакна дека надворешната политика ја води премиерот и Министерството за надворешни работи, а „Министерството за одбрана, одбранбено го поддржува спроведувањето на надворешната политика“.

„МНР не е број два, тоа да биде јасно“, порача Коѕијас.

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, индиректно, без да ги именува упати критики до владиниот портпарол Димитрис Ѕанакопулос и до министерот за одбрана Панос Каменос. До Ѕанакопулос во однос на ставот изнесен вчера, дека оставката на Коѕијас  за него е политички несфатлива, а за Каменос во однос на водењето надворешна политика, но и за тајните фондови.

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција рече дека не постои никаков проблем со тајните фондови во грчкото МНР, бидејќи како што рече, тој е „единствениот министер во целата историја на грчката држава кој достави закон, доверливите средства да ги контролира парламентот“.

Објасни дека во соработка со пратеници од СИРИЗА ќе работи на донесување предлог закон во парламентот што ќе важи и за другите министерства.

„Решени сме да испитаме како беа употребени фондовите од другите министерства, во кои не постои овој демократски и парламентарен процес. Смешно е, единственото министерство што има  демократска, парламентарна процедура и контрола од грчкиот парламент да биде обвинето од други“, рече Коѕијас.

Во однос на Прато кое им 3 пратеници во грчкиот парламент, поранешниот шеф на грчката дипломатија рече дека е дел од движењето кое што е сега на власт.

 

 

 

МИА

актуелно Договор Коѕијас преспа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.