Основниот суд Скопје 1-Скопје денеска официјално потврди дека го прифатил барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за притвор на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.
На Темелко му е одреден 30-дневен притвор за случајот „Титаник” за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.
„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1-Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) за определување мерка притвор против обвинетиот Е.Т.
На нејавна седница одржана на 25.9.2017 година, веднаш по прием на предлогот во судот, донесе решение со кое го уважи предлогот на СЈО и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена сметано од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т. 1 од ЗКП“, соопшти денеска Кривичниот суд.
Според неофицијалните информации кои што ги објавуваат дел од медиумите, Темелко не се јавувал редовно во суд и, иако имал забрана да не ја напушта Македонија, неколку пати ја поминал границата со албански пасош







