Кристијано Роналдо денес го слави својот 33-ти роденден, но веројатно тој доаѓа во најлош момент од неговата кариера. Весникот „Марка“ забележува дека португалскиот фудбалски репрезентативец никогаш не бил толку лош во однос на постигнатите голови од доаѓањето во Реал Мадрид летото 2009 година.
Во 2010 година, кога наполни 25, тој има 15 гола, кои сепак ги постигнал само во 16 средби, бидејќи пропуштил два месеци од сезоната поради повреда.
Година подоцна статистиката му е повеќе од импресивна – 34 гола во 33 средби, а во 2012-та се запишал 31 пати на 33 дуели. Во 2013 година има 33 гола во 34 натпревари, а во 2014 година е со скор 32 од 31. Кога наполни 30 во 2015-та, неговите удари завршиле во противничките мрежи
28 пати, а година подоцна е со 30 погодоци во 29 натпревари. Минатата година во исто време имаше 20 погодоци на 25 средби.







