Предложениот заеднички буџет на еврозоната може да биде направен со услов да не стане обичен трансфер на пари на богатите држави на сиромашните ќленки на Унијата, без какви било обврски од страна на овие вториве, изјави директорката на ММФ, Кристин Лагард.
Лидерите на Германија и Франција се сложија минатиот месец за предлогот за таков буџет, кој би можел да се користи за смалување на економските разлики меѓу земјите од еврозоната и за стабилизација на економијата, меѓутоа со таа идеја не се сложија другите земји членки на ЕУ, пред се Холандија која е загрижена за тоа како парите можеле да се повлекуваат и да се користат.
„Таквиот централизиран капацитет на буџетот не мора да стане платежно средство. Би можел да биде условен со дисциплина“, рече Легард на економската конференција во градот Екс-ан-Прованс, на југот на Франција.







